творечки прид.

творечки (прид.)

Обземен од страсниот творечки порив, растреперен до крајни граници, сликарот длабоко ја почувствува душата на овој крај и со целото свое суштество копнееше да го оживи на платното... Но како?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Без заштита од татко, вујко или кој и да е близок, тој сам, направо, уште во првите денови на својот гурбетчилак остро се судрил со животот и брзо ја сфатил неговата поука, дека во тие и такви времиња мајсторот мора да потуши секаков творечки копнеж на својата душа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како творечка постапка документарноста е доследно почитувана.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Авторот на делото успева да ги хармонизира овие две крајности, останувајќи до крај внатре наративна перспектива, односно опфаќајќи доволна наративна градба за творечкиот свет да биде целовит и јасно дограден...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но затоа, се постигнува другата творечка цел: војната да биде одсликана со сета своја суровост и безмисленост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сето ова во најголем број случаи, поетот не мора да го знае но, тој го чувствува, тој тоа по една законитост, по силата на својот творечки инстинкт и имагинација го прави, го созадава.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Особено, кога станува збор за поетското искуство кое по природата на својот израз се наложува како едно од најчувствителните подрачја на творечката семантика, воопшто.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но кога е веќе обврзан да одговори на едно од најчувствителните прашања – за посебноста на својот творечки опит, мене ми се стори дека е најприродно тоа да се направи посочувајќи на некои од поинтересните теоретски стојалишта за поезијата и посебно назначувајќи ги оние кои му се поблиски, поприемчиви.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Додека се запознавав од детаљ до детаљ за творечкиот и интимниот живот на Сметана, наеднаш низ музејските простории се разнесоа ариите од „Продадена невеста“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Одредени овошки примаат одреден калем и Чинго го нашол за своите творечки намери соодветниот калем.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Седеа на иста клупа, меѓу нив е главурдакот јавач и бардакот со вино и двете чаши. Попот имаше нешто позасилена брада и творечко неспокојство во очите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Под дејството на психоделичните дроги се зголемува и се изострува концентрацијата за одредена задача, способноста за визуализација на проблемите во нивниот најширок контекст, се редуцираат инхибициите, се зголемува енергијата и одлучноста, а сето тоа му е неопходно на уметникот за време на творечкиот процес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Културата е подрачје каде што се одвива духовната и творечка дејност на човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така, на пример, не може да се заобиколи фактот дека транснормалните облици на свеста, кои спонтано се јавуваат во текот на творечкиот чин, дури и кога се поттикнуваат со помош на вештачки средства, можат да бидат корисни за личности кои во себе носат креативни можности, бидејќи доведуваат до напуштање на конвенционалните психички граници, до распад на категоријалните функции и идеационите бариери кои нормално ја одредуваат перцепцијата на времето, просторот и нашиот однос со физичкиот свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Овие аспекти на интелектот се клучните пунктови на неговата творечка активност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од таквиот светоглед, изградуван врз алхемиските учења, но и на склоноста кон Пироновото учење на грчките скептичари, како што тоа се обидуваат да го објаснат многубројните студии за уметноста на Марсел Дишан (Marcel Duchamp, 1887-1968), настана еден уметнички опус, на чие што објективизирање му претходеше едно творечко аура апрехенсио.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тоа значи дека дрогата поттикнува изменети состојби на свеста, во суштина единствени, а патиштата до нив се различни, според тоа, и творечкиот процес не е посебен продукт на психофармаколошкиот ефект на дрогата, туку е само поттикнат на своевиден начин, исто така како што може да настане спонтано, како што и најчесто е случај во творештвото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Основачот на манастирот св. Саб, на пример, во својот текст Мистеријата на грчките букви ги доведува во врска следните хебрејски узори: 22 букви на хебрејскиот алфабет со 22 творечки дела Господови со 22 книги на Стариот Завет со 22.000 говеда на Соломон, и Isopsephic stele со 22 доблести (retai) на Христ.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, во текот на своите последни дваесет и три години Хичкок работеше во Америка; повеќе од половината од својот творечки живот го помина во таа земја.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во одговорот на некоја молба, повик или заповед сигурно се придвижува некоја творечка замисла која веднаш покренува одредена програма, систем на очекувања, за најпосле и самиот да ме изненади со тоа што е неодолива, заповедна, дури неумолива, како некој мошне строг закон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќе