тап (прид.)

Испотени, мртовецот го носат; и во тремот го внесоа тој товар скап, а луѓето се собрале крај мртвиот и немо приковале свој поглед тап.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Воздивнав и со обете раце затропав удирајќи одвреме-навреме и со тапиот врв на чевелот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега знаеше дека горнопланинците, оние отаде нејакиот поток кај што земјата подѕирнува тап камен, не можеа да се пофалат со сит живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кусото моливче само се претчувствува во неговите тапи прсти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бавен е. Прстите му се тапи и несигурни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Уште пред да истечат и да изгаснат со тап удар во некој ѕид, шлем, или чело, потрча чувствувајќи дека нозете се отплеткуваат од жиците на мракот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пристигаат троми пристигаат уморените коњи на просторот тој далечен и наслутен шум на заборавениот говор Тропаат беспрекин сами пред затворените прозорци изгубено тропаат со нозете тапи без поткови ти земјо по тебе лизгава и масна земјо мирна тропаат темно измешани
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се освести дури предвечер, со тапа болка во целото тело, капнат, жеден; ги отвори очите во очекување дека ќе го види пред себе оној гол камен и се изненади.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тонеа заедно со нив во чад, крцкаво морморење и не видоа, иако, можеби, ќе им беше сеедно: Мирон липаше со забуцнати прсти в коса; неговите лути солзи имаа еден пат- се збираа на врв тапиот нос.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Дојдов тука“ , рече брат му. „Ти знаеш дека не пијам.“ Беше изменет и изгледаше како некој друг, непознат за Отец Симеон; имаше закажарени дамки на образите, проредена, нејака коса, тапа брада под белите усни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тие свечени и тапи, налик еден на друг како шумски стебла, ја затворија вратата и го заклучија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Телото на Фезлиев паѓа со тап удар врз подот. Луков се враќа во собата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во мускулите, од рамото до лактот, боцкаат тапи иглички и длетото на двапати му падна од раката, која започнува да ја губи својата способност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Змејко сега само ја гледаше таа парталава прилика, таа кобна сенка на сѐ што е измачено, и нејзината изострена, прегладнета и премалена од тоа муцка, што просто болеше со тоа колку беше бессилна, додека лудечки матниот поглед од неговите чиниш празни, чиниш истечени и без никаков одблесок очи, бликаше со една тапа стрвност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му се чинеше, за сето време, дека ги слуша зад себе и оние тупи скокови, тие пуфтаа веднаш зад него, му беа в петици, бегаше пред нив, со последната душа во носот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Просто го сеќаваше на своите рамена тоа тупо, но толку благо лице, од чијшто поглед ниеднаш не престануваше да се точи знајната длабока, потсмешлива добрина, која немаше заедничко ни со двете големи торби под очите, ни со длабоко и несиметрично врежаните старечки долини околу устата, ниту пак со неговата тврдо скована брада, чиниш од под која веднаш се слеваше јакиот јунечки врат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зашто тапото тропање на камчето во матарката на Шишмана, колку да беше стивнато, во ушите на Французот стануваше сѐ почујно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А тоа негово „покрстување“ се состоело во ова: ќе земел еден обичен селски нож чклипитар, ќе го ставел со тилјето на еден камен и ќе удирал, удирал одозгора по сечилото на ножот со друг камен, сè додека да го отапел, а тогаш, кога ќе го направел ножот тап, да не може жаба да заколеш со него, ќе му го дадел на некого од четниците и ќе му заповедал да го непослушникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се гледаа широкогрби и со тапи чела на заслепени јарци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе