танчи (несв.)
3. ПРАВИНАТА СЕ ТЕНЧИ, АМА НЕ СЕ КИНЕ - ќе остане од неа бар една светла нитка исправена, в земи ќе се забоде ко клинец вкоренувајќи се да расте во црвена китка...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Под брегот браздата со вода се тенчи, се исукува и како змија се крие низ камењата и лопушките, крај неа пиштат жегалци жедни на ридот се гледа забодена коса со сечилото свртено нагоре кое одвреме навреме одблеснува на сонцето како молња да прелетува и навира морници; чиниш: Архангел со мечот минува или се токми да мине.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И го зема стомнето од под ветките и тура во рачникот, во маштеницата. Маштеницата се танчи и помодрува ко небото. 34
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А маглата, ту се собира, се затестува, ту се танчи, се разредува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ко цвет ни се отвораат и порите на кожата што си ја танчиме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Времето веќе се разјужило и капат стреите, се танчи снегот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Калуѓерски долгиот врат на недоопијанетиот Лазар Аргиров се танчел. Усните безгласно му се движеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Скоро незабележливо се тенчеше белата долама на Водно, а долу во градот одамна е веќе сивкаво кална разџваканост, па Пелагија и Чана успееја да стигнат до познатата зграда на Црвениот крст за да го осигурат враќањето на внучињата на бабата Петра и дедото Костадин.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Го назначи тој Маркота за баш-аза, прв граѓанин и челник на советот во беледието, ама и потоа Марко продолжи да белее и ликот да го тенчи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но тој идеше со онаа крената глава, а јас уште пред да зборнам ја чувствував сета несигурност на својот глас, како веќе да си го слушам: јас се плашев од онаа наша проклета интонација што се танчи опасно при крајот, па ќе излезе некако смешно, плачно, питачки, кога ќе му речам: „господине!“
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Убавино, ми се тенчиш веќе.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)