такт (м.)
Зачекори полека кон неа, несигурно, без нужен такт на ловец пред чии очи е смртта паѓа на коленици.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не му беше смешно што бившиот богослов се труди да оди по такт на неговите чекори.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Притоа одвај забележливо мрмореше некаква румба, подигрувајќи во такт.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Твоево подновено интересирање ме вади од такт. Можат некој ден да ми попуштат нервите и да ја извадам на видело.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Оној другион го губи тактот, несовладливо му упаѓа во мислите на Арсо, кој сега смело ги урива неговите доводи: „Ви е судено да умрете не од вашите зборови, туку од нашите бомби“! Страшно е да се гледа тоа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
6. НАДВОР ОД ОРОТО МНОГУ ПЕСНИ ЗНАЕ - мелодија тананика, но зборовите му се туѓи, а на оро штом се фати ќе почне и да се кае дека нозете му се плеткаат по тактови други...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Влегуваат во кафеаната на Јандро, ги запоседнуваат сите маси и столови, се точи, се пие, нарачува Лоте за секого, клокоти и одѕвива кафеаната од песни, од свирки, напнува од викот просторот внатре и, се чини, секој миг ќе пукне како меур; им наздравува Лоте на сите, му наздравуваат тие нему; станува, и мавта со рацете на музиката, и дава знак кај треба посилно, а кај треба потивко да свири, го следат свирачите под такт, го следат луѓето: му се пулат в очи, в уста и ги сливаат гласовите како речни брзаци во една заеничка утока, во една единствена мелодија што се шири полека, плавно.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Јас го фатив тактот, се совпадна со музиката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како да оживувале старо заборавено оро на пагани што се игра по такт на крици и извици, се доближувале со челата додека се спуштале на коленици, и едниот и другиот со разголени заби и со блесок на модри белки под стиснатите веѓи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се нишаа полковниците по тактот на песната, се нишаа чашите што ги држеа в рака.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Играа по тактот на мелодиите што ги слушаа иако не ги знаеја игрите: танго, валцер, фокстрот, чарлстон, самба, румба, рокенрол, ча-ча-ча, боса нова, полка, а најмногу ламбада која беше хит и која почесто ја повторуваа и чиишто ритам најмногу им се допаѓаше.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Со одминувањето на времето, пијалокот ја загреа, нејзината напнатост почна полека да омекнува, погледот да ѝ ја губи острината, лицето да ѝ се ослободува од грчот, снагата да ѝ се размрдува и со прстите да потчукнува на масата под тактот на музиката од грамофонот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Едноставно ја гледаа публиката која очајнички се обидуваше да фати такт со нивната музика.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
При првите тактови, при првите чекори, од трема ли, од возбуда ли од тоа што одамна не играл, Богдан не беше сигурен во чекорите, грешеше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Со тивка, ненаметлива упорност, во залезните години на животот, сакаше да нѐ доближи до својата некогашна одисеја и големите тајни на животот, но тоа го чинеше со многу такт за да не влијае на однесувањето и постапките на своите блиски, потомците.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Навистина ѝ беше криво што го нападна детето, но сосем беше извадена од такт.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Чекореше Јагулче Дримски, кога му идеа овие мисли, крај реката, гледајќи во водите јагули, предавници, што бегаа кон запад, по тактот на еден од маршевите на победата, потсвирнувајќи, за да си го забрза чекорот, повторувајќи го постојано стихот Уз маршала Тита у нов бој...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Затоа и се обидував, макар и со премногу такт, да го одвратам од кревањето ѕид, но тој не попушташе.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Како помлад бев екстремно живчан, а пак денес малце работи можат да ме извадат од такт: не ме дрма ниту светската криза, ниту тоа што сум во долгови, ниту што цркна трансмишнот на мојот "форд", ниту кофимејкерот што експлодира и ни ја полеа цела кујна со ситно мелено колумбиско кафе... ама оваа глупава опаска од такт ме извади!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Жената не одговори. Тропкаше со нога, заслушана во некаков такт.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)