таван (м.)
Го украси резбар со цвеќиња таванов, - рече, - од младоженската стаја.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
СЛУГАТА: Ќе си најдеш некој скриен на таваните. Ги има и такви! Збогум, Вето!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Ниска, темна соба со крив таван од греди.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Беше покриен со чаршаф до гркланот. Ноздрете му беа свртени кон таванот како двоцевка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
— Чекај, Досто, да те вида, чекај, јагне, да ти се нагледам! — рече замајано и како за себе почна да си зборува, кревајќи ја главата кон таванот на земникот: — Е, е, е, сполај ми ти бре, боженце, кога и јас челад су ти бил, кога и за мене дел си одделил! — и ја гледа право во лицето и ја држи за раменици.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го прашувам дали знае што капе од таванот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Им ги покажав дамките на секирата и им кажав зошто дождот се цеди од мојот таван а не низ долгото грло на олукот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Гледаше без трепкање и со вкочанет поглед во нискиот таван.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Од таванот украсен и ишарен во средината и на четирите ќошиња со длабока, на орево дрво, изработена резба, висеа големи гроздови миск, лисиче, каланпарај и друго грозје зачувани уште од есента, повеќе за личнотија, бидејќи за јадење се пазеше во мусандрите одбрано грозје.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Илјада работи има по орманите, расфрлани во одајата горе, на таванот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се заврте кон нив и се протегна подавајќи ги рацете кон таванот. Високо е, откри. И широко.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Отец Симеон долго го чекаше и можеше да му ги истегне ушите до таван, но тој знаеше што знаеше и кажуваше сѐ што знае - на саката беа наредени в круг цифри од 0 до 1.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ќе се повлечеа во своите соби ако не станеше она што стана двапати пред тоа: по третпат гласно `рзнување се пропна на задни нозе како пред скок и удри во прерано испукнатиот таван. „Тоа чув“ , им рече непобеднички додека тие молчеа онемени од морничавост.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Штом мина зимата и Скопје пак различи, Павле го побара клучот од таванот. И право на сандакот...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Главен судија за овој крај беше еден стар був, што живееше на таванот од една полуразурната, напуштена куќа.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Арсо си ја потпре главата до ѕидот и тврдо гледаше во таванот, исчаден и завиткан во нечиста пајажина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тие побудуваа особени асоцијации, болни и безбојни, што го ослободуваа од телото и тој се креваше невидлив како флуид, се лулаше на пајажините и го сеќаваше грубото допирање на таванот и рапавата кора на палмата, вклештена во прозорецот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На таванот висеа уште две главици кромид и неколку чешни лук, а на врвката се прозираше уште еден тенок ремен сланина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Имаше неколку кусови широка сланина и едно поголемо парче свинско ребро, нив ги нанижа со еден канап и ги обеси на таванот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А светлината, што ги усвити металните венчиња во електричните ламби, нанижани по таванот над целата просторија беше како некој мек, животен флуид, што ја одделуваше само таа просторија од сиот оној празноок, изгубен свет на сета дивина околу пиланата, позлатувајќи ја, благородена и одбрана меѓу сиот тој див простор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)