суче (несв.)
Пак после невестата нека ти сучи.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Старата анама, што на млади години сучела баклави за самиот Џеладин-бег, таа беше дојдена уште од петокот со три други анами и до саботата вечер не исправија грб од кр’говите и не ги оставија сукалата од раце.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Добра ноќ! - си рекоа децата едно на друго и почнаа да го сучат својот убав, свилен детски сон.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Вртеше, сучеше само да се сретне со Полин.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Танко им се сучи работата, вели, брзо ќе им се скине конецот...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Така наврзувавме штогоде; на нероден Петко му сучиме повој, си правиме Богородица. 42
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И додека тој го сучи пагурчето и молчејќи претура низ главата, легачот поставен сред одајата, шумно плапоти.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Врти, сучи, на тоа излегува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со левата рака, на десната негде и некогаш некој му ги исекол трите прсти, со палецот и показалецот можел само да наденува конец на игла, да крпи јамки на парталосаните беневреци или нешто слично, да ја треби од гниди ленената кошула или да ги суче прудолу ретките мустаќи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
9. Ами, грабнувањето на Јагна Машаловска, пред Водици, додека го сучеле конецот од куќата на ланскиот чувар на крстот, до куќата на новиот чувар на крстот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе го сучат жените конецот и ќе поодуваат низ селото, сѐ така во одење ќе сучат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Му удираа шлаканици, му ги сучеа ушите, го кубеа за коси, го тераа да стои на една нога, не му даваа да оди на мокрење, му вперуваа жестока светлина во лицето сѐ додека од очите не му потечеа потоци солзи; но целта на сето тоа беше просто да го понижат и да му ја уништат моќта на докажување и на размислување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Така, тој од дете гледаше како црните козји влакна се сучат во долги дебели конци, а потоа конците се ткаат во платна, кои шаторџиите ги шиеја во шатори.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Да резимирам: Врти сучи една недела легачиш. Понатаму до кај дваесети мај има мало затишје пред бура.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Си велам не го личи сонот со император плачипутка со опроштение Дај сврти некаков друг сон похеројски и повесел сон Ама врти сучи Цезар сал туку ќе заплачеше Баш кога не очекуваш тогаш ќе заплачеше Дури најнакрај не се разбра дека цело време Цезар си го плаче претсказанието Оти само тој знаеше дека му истекува рокот на Или Цезар или никој
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Врти- сучи, трткај се збунето, оптегнувај ја стрелата и над мерката - оклопот се прчи како во тв вести
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Корите што ги сучев за приказ в село беа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Питите ѝ одеа малку потешко. Ама со годините и времето научи да го стегне кр’нгот и в раце да го заигра сукалото под кое добро измесеното тесто се сучеа кори за пита со пресул, со праз, со кастици, со кромид и свинско пржено, пита со тиква, со урда и праз, со коприви, со корки мешани со урда и јајца... сучеше и кори за бурек плескан со по четири или пет кори со урда, сирење, бурек виткан окол-закул со сирење и кори за бурек - плетениот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Да, и женското треба да учи, ама да готви, да меси, да сучи, да пренди, да крпи, да плети, да ткае, да молзи, да...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Баба ја набоди фурката под мишка, ја оптегна каделата и одмерено го врти вретеното и сучи бел конец.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)