сурне (св.)
Тргна полека надолу мислејќи само на работата што требаше да се стори ноќеска и така речиси и не сети кога сурнал в река.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Идеше право кон нив, повремено намавнувајќи им со рака да сурнат кон него.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Кога се обиде да стане од креветот, почувствува како нешто да го жегна во ципата, а кога се исправи, болката како по жица сурна дури до коленото.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)