супермаркет м.

супермаркет (м.)

Ме изненади една дама во еден модерен супермаркет која во количката, натоварена со разни прехрамбени продукти, возеше едно кученце, кое ги душкаше продуктите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Така, неодамна, во некоја емисија, обични луѓе, натпреварувачи, плачат над супермаркет количката натоварена со дебели мисирчиња, џиновски кутии детергент, плачат како да ги погодила некаква невидлива природна катастрофа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Компаниите постојано ги пополнуваат рестораните и супермаркетите кои не чуваат резерви на храна за повеќе од неколку дена а сепак не создаваат ниту недостиг ниту вишок на производи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој со себе постојано носи пластично шише со чиста вода, купено во супермаркет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Прашањето фрлено како ракавица среде супермаркетот остана да лежи на плочките, газено, туркано и најпосле фрлено во отпад од дежурната чистачка, која додуша покажа мали знаци на чудење за тоа што бара едно прашање на подот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Имаше некоја тага во купувањето по супермаркетите, во тоа отсуство на духот сред купиштата материја, кое додуша понекогаш е неопходно за и најдуховниот да се сосредоточи на неговите практични потреби, дури и ако тие за него завршуваат кај млекото и лебот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Супермаркетите, плацевите за половни коли, крчмите што имаа правоаголни прозорци од стакло и тули, блескаво новите автомобили, што беа изложени и можеа да се видат низ прозорците од дебело стакло, продавниците за електрични апарати, продавниците за мебел, цвеќарниците, козметичко-фризерските салони, целиот нов трговски центар, кој брзо се изгради, едновремено со геометрискиот станбен дел од градот на рамниот терен, сите наизменично се менуваа и не му разбудија ни најмала емоција и тој не можеше да ги препознае.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во Идн Парк, во кој се пресели и во кој, наспроти неговиот феноменален раст сѐ уште се чувствуваше воздухот на природата околу него бидејќи овде-онде имаше рамни ниви, среде блоковите од куќи што беа од ранчерски вид, канцеларијата на доктор Станеф беше еден кат погоре, но во сосем нова зграда од тули во која на целиот кат беше сместен супермаркет со стаклени врати, кои сами се отвораа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа ја ширеше мрзата и во супермаркетите. Кога требаше да плати за купените производи, заспиваа сите што чекаа ред до неа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Додека Мо, размислуваше дали Вици се гледа со некој Вени ... едни земји излегуваа од рецесија, за потоа да влезат во свински грип, Џералдин се разнесе во супермаркетот каде не можеше да го најде својот Бог, Марио и Славе продолжуваа да се тепаат за школската ужинка, General Motors отпушти 10.000 работници, Лира и Вања се кубеа за коса, за тоа која - чиј дечко земала, бројот на жртвите во ураганот Катрина достигна 1836, Во Церн сѐ уште преговараат дали после експериментот, Земјата ќе ја голтне црна дупка - веднаш или неколку дена потоа?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
По пет – шест години доби стипендија за последипломски студии во Берлин, по враќањето кратко време беше член на Советот на општината на неговото родно место, па пратеник во парламентот, за на крајот да дотурка до најсериозен кандидат за претседател на својата партија ( генералот Стојан во тоа време беше сопственик на еден супермаркет во едно мало провинциско градче и не успеа да ги собере 10 000 потписи за да му се спротивстави на изборите како независен кандидат) и ете го сега тука во истата зграда пред која што пред рамно триесет години дојде да бара демократски слободи и права...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Поточно јас плаќав сметка на касата од еден супермаркет и разговарав со продавачката.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)