сукцесивно (прил.)
Дали некој наскоро ќе има трпение да го прелистува кој знае кој по број том на Енциклопедија Британика барајќи ја одредницата која му е потребна, па потоа следната која е во некаква врска со она што му е неопходно, доколку со притискање на копче обете ќе може да ги добие паралелно на екранот, или сукцесивно повеќе од нив, па и измешано.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Најмалиот номинален износ на основната главнина, кога друштвото се основа симултано, без јавен повик за запишување акции изнесува 25.000 ЕУР во денарска противвредност, според средниот курс на НБРМ, објавен на денот пред усвојувањето на статутот, односно на денот пред донесувањето на одлуката за промена на основната главнина; а кога друштвото се основа сукцесивно, преку јавен повик за запишување акции, тој изнесува најмалку 50.000 ЕУР во денарска противвредност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Животот не е симплекс ниту пак човекот знае да ги симплифицира работите и во колективната хистерија, психоза, субверзивен хаос, сукцесивно би следела потребата од пронаоѓање на интенцијата на нашето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Климент Камилски прв сакаше да предложи листа од сто најопасни турцизми во балканските јазици со османско минато утврдувајќи според интензитетот на опасноста сукцесивно да се разгледуваат, збор по збор.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)