стручен прид.

стручен (прид.)

Сега веќе разговорот требаше да стане многу стручен, но за среќа, во моментот од земјанката излезе Србин. Прв.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Задоаѓал во полето стручен другар, на меѓите свет се збира да го види...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
А градежните инженери, наведе Китан, не се такви лица кои можат да дадат стручна оценка на какво тло лежи куќата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Второстепениот суд ги уважи двете жалби и го врати решението на повторно разгледување на првостепениот суд, наведувајќи дека од наводите на вештото лице, се гледа дека треба да се извршат други вештачења: да се проври од стручни лица или установа какво е тлото на кое лежи куќата, неговиот геолошко-технолошки состав и колку тоа влијае на нејзиното пукање.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А како доказ го истакна претходното решение на второстепениот суд во кое се вели дека увидот, испитувањето на тлото на куќата, треба да го извршат стручни лица или установа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јасно попладне, во присуство на десетмина стручни сведоци, Д-р Јомиури исчезна. Помина низ огледалото.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Стручно лице ќе можеше да рече за него дека е под дејство на дрога, но јас и другите од јамата не знаевме ништо за тој отров, освен дека е убиец на многу млади во светот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А сѐ се движеше кон тоа однапред да се оправда грешката, при што, како жртвени јарци и други заложници, беа повиканите политички агитатори, дури и стручните лица.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Се согласувам, тато, ама ме збунува и оптоварува една мисла: Каде биле сите тие стручни лица кога агресивно настапувал хаосот?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Што можеме ние децата - да сториме? Има луѓе стручни: економисти, правници, директори, менаџери, - компетентни“, ја убедуваше Иван.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Партијата му укажа исклучителна доверба на својот докажан првоборец не заборавајќи ги и неговите стручни квалитети.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во вакафските простории, покрај членовите на стручната комисија и претставниците на Партијата, на општината и на архивот, со Татко влегоа и градскиот исламски верски поглавар, со уште двајца други верници.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко беше член на стручниот колегиум со кој најчесто заседаваше Мирон Донски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој не можеше да сфати дека дури подоцна ќе биде разработено и дооформено четивото кое ќе послужи како материјал за откривање на вистината и како лектира во натамошните стручни расправи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Татко, како непартиец, но и со сомневања за неговото минато кај надлежните партиски кадровски служби, кои одлучуваа за сѐ и сешто, брзо увиде дека нема никакви шанси да напредува во судската кариера, макар и само на стручен план, како експерт по шумските деликти, па откако ги откри отоманските сиџили, односно судски регистри и кадиски записи на битолскиот кадилак, кои не можеле да стигнат во централните архиви во Цариград, не се спаси са­мо од новото заминување туку ја спасуваше и нашата иднина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И не сета можна публика, особено не онаа стручната, составена главно од историчари на уметноста, од ликовни критичари, од сликарски истомисленици и од постојани љубители на премиерни изложби.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Одговараше на прашањата од читателите во весниците, даваше интервјуа, оставаше да го фотографираат во природни и во катедарски пози, стана познато име во пошироката а не само во стручната јавност, па му подаваа стол на која маса и да посакаше да приседне.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но велеше дека за нас, туѓинците, кои првин секогаш ќе си имаме проблеми со јазикот на другите, беше најдобро да се определиме за средните стручни, технички или медицински училишта, оти така ќе си ги решевме однапред главните проблеми кои подоцна не ќе ни ги комплицираат животите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И стручната критика веќе го одбележи по заслуга тој напор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нивната делегација ја сочинувале стручни полемичари, кој дејствувале заеднички, сложно, како тим, а при тоа во заднина го имале за советник папата!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе