стружење (ср.)
Оној имаше еден остар глас и тој го сеќаваше него како некое болно, но неминовно стружење со грубата острина по некоја негова рана, која што не би можела ни да зарасте, пред да биде истругана така.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Однадвор доаѓаше завивање, квичење, му се чинеше дека слуша и стружење на вратата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Можеби Марко Марикин сакаше да ме исправи на нозе со стружењето на својот глас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Над земјата, усвитена тишина, прошарена со стружење од жегалци и плипот од скакулци.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Или тој ќе пројури со своите јаничари на коњ вранец, како ветер што ја мете калдрмата, а притоа со стружење ѝ ја вади душата, ѝ ја корне?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сега од десно па на лево продолжив со стружењето и под кафеавиот слој се појави дел од бледо - црвена линија и под неа точка. Личи на извичник.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Со ракавот ја избришав потта од челото и лицето и одново се вдадов во стружење се додека не го истружав слојот до последната буква, која е првата во паролата што тука, под трите слоеви вар, чмаеше цели шеесет години.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)