строго прил.
строгост ж.

строго (прил.)

Такво сопоставување може да има помеѓу првата, т.е. теоријата за населувањето на Балканскиот Полуостров од јужни Словени формирани во две народности строго разграничени во етнографски и географски однос и постепеното изменување на етнографската карта на Балканскиот Полуостров, од една страна, и процесот на современото национално обособување на Македонија од друга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Решението на целата бригада беше строго и неумоливо: да се отстрани тој пакосник од нивните редови!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Влезе висока болничарка со строго вкочаеното лице и ми подаде една книга.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И Доста строго си се држи за адетите. По првото буле Нешка веќе меси и поскура за в црква, пак за здравје.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, ако е за душа, земете а и неа, — и строго погледнува кон групата чорбаџии што седи „уз колено" на авалеџијата и пуши од неговиот тутун.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како по договор и едните и другите решија да се фаќаат живи на цуцката (или во краен случај да се колат со штиковите) кога ќе дојдат да клаваат мамци, одговори на најдените книжулчиња и разни продукти, без да стрелаат едни на други, бидејќи началството ова општење го забрани строго.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навечер дома седнуваше уште понастрана од него и уште построго го гледаше прашувајќи се дали на деда работата му е чиста или навистина, како што велат селаните, не му е.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Крајните двајца го гледаа строго како судии, средниот ги криеше очите. не стоеше мирно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги испитуваше цртите на своето лице. Строго, без љубопитност.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Така е, на чесен збор: во малите градови осамените и тажните се кловнови за луѓето, за оние луѓе што строго го поделиле животот на печалба, сопружничка должност и спокојство крај полната софра. Во малите градови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Овој се намурти кога Анѓа го фрли ибрикот и стана простум, тресејќи ја својата побелена брада со јад и силно се провикна – Тука да се донесе таа кучка врзана – и строго ѝ се овргли на Ајша, оваа излезе низ вратата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Хемијата што ме мачи сега тој ја решил строго и едноставно, со математичка сигурност на култивиран и припитомен вепар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа го дочекува строго, студено.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со нив излегуваше од фурната и пријатниот мирис на топлите печени лебови што се димеа на тезгето, поредени правилно и строго, како добри војници.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одеше по нив до центарот на градот и кога ги виде како се згуснуваат во ќош на голема кафеана, строго фатена во линии, застана под сенка на висок леандар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ЛУКОВ: (Строго.) Ништо. (Зема хартија и почнува да пишува писменце.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Неправедно и претерано строго е да се каже тоа за Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стоеше во просторната сала, наострен како откочена пушка и сега ја држеше во својата дланка онаа рачка, што требаше само да се притисне, за сите делови од бичкијата да полетаат во своите виорни, а сепак строго одбележани движења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Каде е, каде е? - строго свика капетанот, плашејќи се некој неповикан да не се качил на неговиот брод.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Фелдфебелот одеднаш сфати. Строго рече: - Ја прибери ја таа играчка бре.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе