стрниште ср.

стрниште (ср.)

Брзо се досети, го фрли каменот и како стрела се спушти да трча по стрништата кон Караорман...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Гледај! И гледаа. Зелена долина змиулесто пресечена со бистро поточе, обрабена по ридовите со високи букови шуми, ишарана со ливади, жолти стрништа, овоштарници, зелени компиришта, папрат...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Лицето му беше крастосано и дамкичаво, и косата му беше искубана, како изгазено стрниште.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тече водата, се разлева низ стрништата, низ ливадите, низ конопиштата. Џглиботи под колите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зар не знаеш дека Енвер Хоџа братски не прими, а ти му го крадеш стрништето, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се наведна и полека, чекор по чекор ги собира искршените класја во басјасаното стрниште.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ни шепот, ни плачење... Молк. Замолкнаа и птиците, стрништето, онемеа штурците жетвари...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Некој од неговите скорна еребица; мајката, вабејќи ги по себе малечките, го претрча стрништето и се сокри во нежнеениот дел на нивната.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе ги потфрламе нозете, ќе си ги втасуваме, ќе одбираме и ќе прусаме, како потполошки во стрниште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оди по патот крај кој е припиена и реката одејќи заедно со него како впрегнати во јарем; на некои места патот ѝ одзема на реката, а на некои места таа му одзема поткопувајќи го; дури долу во полето се одвојува од него и напојува ниви и бавчи, овошни насади и лозја, се провира низ трњари и капинари и други неплодни скрки и стрништа, спојувајќи, како божја рака, диво и питомо, плодно и неплодно, одгледувано и запуштено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Горе, од отворот на јаката, ѕирка непотстрижено главче - гламносано стрниште.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)