стрешти (св.)
На вратата полека и плашливо се покажа лицето на Калчо. - Што сакаш? - стрешти учителот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„Ти за ова ќе одиш под воен суд!“ стрешти и замина.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Му стрештија. „А така ти, саботираш... Не фаќаш риби за државата...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Како немам пат!“ му стрешти Грдан.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога се урна, кога стрешти, кога се дигнаа некои црни пепелишта нагоре, старичката само се прекрсти и си легна на земја: огнот барем земјата не ја гори, рече кутрата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Јас стоев стрештен; одеднаш го прашав: „Директоре, кога ви ја даде Луција песнарката?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Останавме стрештени. Јас бев најнеутешен, оти во мигот кога Филозофот излегуваше од одајата, видов дека веќе не виѓавам: облакот светлина околу отец Кирил Филозоф го немаше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Секања од гром, трештејќи во неа ѝ ја погодиле утробата... па тој удар пламнал во силен оган... кој сѐ стрештил, сѐ строшил и прснале пламени на сите страни!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)