стрелка ж.
стрелка несв.

стрелка (ж.)

Радиото запре. Таа нервно почна да го врти копчето. Помина неколку пати со стрелката долж целата скала. Од секаде испрекинати, остри звуци на џез музика...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во корубата беше направена една стрелка на патоказ, а под неа со несмасни букви во поцрвенетото дрво, стоеше: „ПАТ ЗА ИДРИЗОВО“.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во неа беа нацртани квадратчиња, стрелки, бројки и многу други за Трајчета непознати знаци.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се вртиме околу него и гледаме: едното крило е здробено и расфрлено наоколу: опашот е преполовен и искривен како рог; предницата личи на железно буре без капак и изрешетено како решето; од внатрешната страна, над седиштето, кое сѐ уште мирисаше на запалени кожи и гума, светкаа неколку искршени тркалца од стакло и се гледаа стрелки на некакви часовници ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Гледам на големиот часовник на ѕидот од станицата: стрелката клоцнува, се поместува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стрелката само оди, само се покачува нагоре: шеесет, седумдесет, осумдесет, ветрот ни ги бушави косите, ни влегува низ ракави, низ ногавици, ни ги дуе алиштата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред тоа пиеле од негова матарка вино со боја на месо и се мезеле со бајати пршки што ги зеле од некој орач за стар железничарски часовник со избришани бројки и без една стрелка но со живо срце под металниот оклоп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мора токму така да си врви, како што се движи стрелката на часовникот - одлево надесно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Човек кој би ме посматрал ако се загледа поскоро би видел како стрелката на часовникот се движи. Сепак морам да одам. Не смеам да застанам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Некаде помеѓу две неосновани паники ми ита часовникот – прерано се поклопуваат стрелките на срцето.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Магнетната стрелка на голем компас трепереше со виолетов сјај.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На неа се наоѓаат и впишани податоци за бојата и облиците на одредени делови од лицето но и на телото бидејќи една стрелка на сликата упатува кон анусот на вонземјанинот којшто не го гледаме, но сепак не го пропуштаме како лајтмотив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Стрелките на часовникот покажуваа шест, што значи осумнаесет часот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога Винстон се разбуди, стрелките на часовникот се беа прикрале блиску до девет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стрелката сигурно беше на седумдесет и пет. Овој пат ги затвори очите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стрелката во татковата душа - компас, по долго треперење, во еден период покажа дека треба да патува кон северозапад, се разбира доколку опстанеше патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Душата му беше компас во која стрелката постојано се вртеше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јагулите го покажуваа правецот на судбината на семејството, како стрелка во големиот компас на постоењето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На онаа станица одново се слуша, „О, каков прекрасен свет“, а на друга, преку две вртења на стрелката: „И јас ќе останам со вас во чамецот...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Без нив, потребно е само да се спуштат ролетните и да се изгасне светлото, и по извесно време, ве уверувам не подолго од три дена, и најиздржливиот би заборавил колку воопшто време поминало, а не дали сме ден и ноќ, или уште колку има до вечерниот „Дневник“, или до која бројка се доближува дебелата стрелка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повеќе