стреа ж.

стреа (ж.)

БОЖАНА: И под нашава стреа ластовиците гнездо си прават. Истите од лани лето...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Од бујниот Вардар до Соча и Драва во секое срце денес радост плива, - Републико наша, мила братска стрео, да си вечно славна, да си вечно жива.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Дури свет светува, дури сонце грее ќе се слуша песна радост ќе се слива, Републико наша, наша братска стрео, да си вечно славна, да си вечно жива!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Млади тогаш ќе тргнат бригади низ крај роден ќе градат и пеат, ширум в села и далечни градој ден ќе расте под сината стреа...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
— Пуст ќе останиш, пустелнику еден, главата по туѓите стреи да ти се вала.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мракот падна и секој се прибра под своите стреи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трите неподвижни сенки немо чекаа. Над оџакот на соседната стреа се мачеше ноќниот срп; не можеше да се отплетка од густите облици.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Доволно е над селските стреи да поминат лутите писоци на дивите гуски па да зоврие крвта ловечка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во непознатата планина сам, сам под сламена раскуштрена стреа, свртен кон планинакста тишина како огромно уво. во таква бескрајна тишина, во таков непрекинат писок, не се заспива.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ѕвездите полека го губат својот сјај, на стреите има помалку снег од вчера.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Неговите зборови се засилуваат како забрзан дожд по лимена стреа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Приказна: печурки со црвени стреи, чаркови во пена, златогрли сеници во грмушка. Лага.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ластовичиното семејство што живееше во гнездото под стреата, се готвеше за пат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Стреите заплакаа, снегот смекна, се разводенеа. Надојдоа и се заматија потоците и реките.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
По стреите на ниските куќи ќе се влечат проѕирни сеништа. Негде ќе струже невидливо штурче.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Под стреата на некоја дрвена барака, легнат среде повеќе безработни, од различни места раскриваше неискажлива тага...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сепак ако ве занима, психијатар сум.“ „Докторе“, се искриви од веселост Отец Симеон. „Зошто ноќе, кога ќе се качам на куќните стреи, сретнувам на секој чекор по едно гола жена? и зошто само ноќе, в постела, ми стасуваат од сегде љубовни писма со нацртани четирилисни детелини?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Едниот најпосле надуши нешто под неговата стреа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Замина, преклонет, накај својата пилана, што стоеше во самата средина на долината и од чија стреа излегуваше тенок бел чад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе