страдалник (м.)
Европското општество почнува да подготвува помошти за македонските страдалници.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со мотика на рамо за корка сува леб, по патиштата стрмни, по полињата рамни, у вивналиов ден - да тргнеме и ние страдалници од век!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
И навистина, Ристе помина крај Чебрен, а таму одат секакви страдалници и оставаат што им кабули душа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во одежда на страдалник Гледа Арсенија Лилјак прелетува над него во мракот И низ прозорецот на костурницата Удира во полиците со черепи Врз ки е врежано Герасим Ефтимија Павле Копајќи со прсти по земјата Меѓу летото и правта земска Греда Арсенија И ластовичка во залезот како прелета над реката и застана на крстот спроти него.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Се разбира, Варшава, која даде големи жртви во војната, е сета во споменици, железни спомен- плочи и слично, кои новите генрации го потстуваат за тоа дека овој град - маченик, страдалник и херој, некогаш физички уништен од Хитлерова Германија, успеал да се издигне од пепелта на уништувањето: поубав, полн со сите свои знаменитости од минатото, кои биле, кои и денес се украс на овој град.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тажните гласови на репортерите, долгите кадри, сликите на мртви тела, погреби, лешеви завиткани во национални знамиња, ритуалните примања на воените одликувања, толку слични на примање хостии, ужаси проследени со балканско новокомпонирано дрндање, шлагери што со фолклорно дерење му се закануваат на непријателот дека ќе биде уништен, сиот тој новокомпониран патриотски фалш, таа кичерска пропагандна индустрија на војната - сето тоа се крчка во балканскиот лонец помеѓу трагедија и фарса, страдалништво и рамнодушност, сочувствување и цинизам, гроза и пародија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- Страдалник сум и осаменик, - тажно рече Водомар. – Живеам во трскиве за да не ми ги гледам маките на Шимшул –град.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
За среќа или несреќа, ќе се сетев на Водомаровата доверба кон мене и на страдалниците од Шумшул- град, вклучувајќи го и човекот со два гласа, и ќе се откажев од коркачката намера.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Се сакаа себеси во улогата на страдалник со разорен црн дроб, но тие својата болка не ја претвораа во Љубовна мистика, во ноќни тажанки или во романтична акција.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Благословено Пелагијо, една од светите маченички, и јас страдав тој ден заедно со вас како што страдам секој ден со сите страдалници на светов!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Да, неа уште не ја оставаше надежта. Таа сепак беше толку паметна да процени дека Пискулиев е исти страдалник како неа, да го промери и да го сфати како што тој можеби не би знаел да ја сфати неа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И заборави заборави сѐ за светот на страдалниците И за Племето на Великиот господар на светот кој истрча далеку пред својата младост и никогаш веќе себеси не се престигна
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Македонија како библиска земја беше седиште на разноразни чујни и нечујни матновидци кои ги исцелуваа напатените и очајни транзициони страдалници со телесни и душевни болештини за кои и медицината дигнала раце.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Во моментот бев распнат, бев страдалник. Чувствував вина.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Молкот ќе го разруши писокот на гладните... Страдалници дигнете глава!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)