стопување (ср.)
Ако, со непогрешлива правилност, тие ослободувачки движења најпосле доведуваа до воспоставување на угнетувачки режими тоа е затоа што, следејќи го примерот на германскиот романтизам, меѓучовечките односи ги засновуваа врз мистичкиот модел за стопување а не врз правничкиот образец на уговор: слободата тие ја промислуваа како колективен атрибут, никогаш како индивидуално својство.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На тој начин постојат стопување и кинење, или, попрво, осцилирање, непрекината размена помеѓу актуалниот објект и неговата виртуална слика: виртуалната слика не престанува да станува актуална, како во огледало коешто ќе дофати лик, ќе го одвлечка во својата бездна и од своја страна не пушта ништо друго освен една виртуалност, на начинот на Дамата од Шангај.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Постмодернистичката литература ги обединува, значи, мошне различните поимски димензии и на тој начин доведува до стопување меѓу елитистичката и масовната култура.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)