стеснува несв.
стеснување ср.

стеснува (несв.)

Кругот се стеснуваше, тие сѐ уште се вртеа околу мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не гледаше и знаеше: кругот се стеснува - полека, со сигурност, и подмолно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Му правевме место на гостинот а тој, претпазливо спуштајќи го петлето на пушката, нѐ стеснува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мракот ги стеснуваше улиците. Од отворените прозорци на еднокатниците јасно се слушаше дишењето на луѓето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се лулаше земјата, се поткренуваа уплашени гримаси, изригнуваше пламен што темнината стрвно го голташе. Хаос се ширеше и го стеснуваше видикот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој загрижено следеше како лушпестата палма се шири, го стеснува и го затвора ова убаво зрачење од светот на сонцето, луѓето и предметите, растурени во правливиот двор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беа безбројни и ја стеснуваа својата морница веднаш тука, на неколку нивни скока од неговото дрво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во валчестата шуплина на буката, која колку се одеше подолу се стеснуваше по должина од над десетина метра, сега го немаше оној ниеднаш непрекинат заплисок на остриот пад на водата од планинскиот поток, што се вливаше во неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во валчестата шуплина на буката1, која колку се одеше подолу се стеснуваше по должина од над десетина метра, сега го немаше оној ниеднаш непрекинат заплисок на остриот пад на водата од планинскиот поток, што се вливаше во неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние што се збиени, уште од зори си ги мешаат сенките, се надјавнуваат, се грабаат на просторот, се издолжуваат и се собираат како пијавици, како полипи, како чудовишта; сокаците: удриле кај им било мило; еден од нив, најширокиот, се припил до езерото, не се дели од него: кај врти езерото, и тој; кај ќе се намери на куќа, се тргнува настрана, се свиткува, се стеснува; кај се спушта брегот на езерото, и тој по него; колку што се проширува брегот на езерото во летно време - толку и тој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Работите малку се стеснуваат, и од објективни причини, не ќе можат да се прошират.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По крајбрежјето се распростираат широки булевари, улици и плоштади кои, на височините на градот, се стеснуваат и се трансформираат во сокачиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еда ми помина, вели Давиде Недолетниот и си заминува. Мирче гледа по него и ја подгризува устата, го собира носот, ги стеснува очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гранките се наведнуваат крај мене, ме дрпаат за алиштата и ме стеснуваат од мишките надолу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
При секое издишување, боксот ми се стеснува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Паун Радевски само го преграбува шишето и ги стеснува зацрвенетите очиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Земјата се стеснувала, завршувала, од сите страни ја стискала магла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сето тоа, жив оков во оков, се стеснувало и се ближело без доаѓам, немо; најпрвин ќе удреле едни и тој ќе станел несуштествување а тие слеаност во точка, и другите да доаѓаат и да стануваат дел на точката, сите - скорчавите костури, призраците со кациги и штитови и костурите со чекани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тој и селото и ридиштата наоколу биле фатени во обрач на мрак зад чија граница можел тогаш да се стеснува нов обрач на онбашии, заптии, јузбаши, чауши, кајмаками, мулазими, кадии и секакви одбрани стрелци и мислители на царството, повеќето со измеќари, соколари или ќати, но сите со кубури, со долги или краткоклуни пушки, со јатагани, анџари, џилити и наџаци на чие железо со златни или со сребрени нишки е запишана муслиманската покорност пред пророкот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вам таму во животот ви се брои и со тоа просторот ви се стеснува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќе