стенка несв.
стенкање ср.

стенка (несв.)

Доста, бабо, плака, стенка, избриши си с'лзи, раскажи ми твој'т помин, јадове и глоби.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Лицето на Кузмана се црвеше; стенкаше како да ќе пукне под стискањето на брадестиот бездомник, а пукаше палтото на овој, другиов, како некој однатре со нож да го пара.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Борците се вртеа еден околу друг, бараа слабо место за напад, диво стенкаа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„'Рѓо 'рѓосана, Досто! Си видела сомун, па сакаш погача. Не ти е доста чупе, па требело и дете. Море, дертот ќе го вате ошче еднаш јас кога ќе стенкам долни крај, душата да ми излева!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кадијата нареди да се бијат главните луѓе до смрт за непослушност и овие веќе пискаа, стенкаа, офкаа и пцуеја под ударите на дабовите и буковите суровици.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но и после, и кога беше совладан од тешкиот сон, таа црвојадина продолжуваше да го глода и да ги населува неговите соништа, терајќи го и таму, и во соништата, да продолжува да се ежи и да се преметнува, да стенка и со некакво чудно завивање да им се одѕива на сите оние расплакани и закискани од ветерот лелеци на дивината надвор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Цела Македонија стенка под ропство!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Слушаше како кај комшијата вратата се отвораше; како го изведуваа и втеруваа; како викаа на него, го псуеја, ги слушаше како плуштеа камшиците и како тој сиромав стенкаше и псуеше мајка, вера, жена, деца и на султан и на валија, и на кадија, кајмакам и на сите Турци. Но не се јавуваше ни за добро ни за зло.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само едно суштество не ја чувствуваше оваа радост; само едно суштество натеше и стенкаше под тешкиот товар, наметнато од силата и бесправието.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тука дојдоа Толе и Андон. Но не да ја поделат радоста со Маргара, ами да ја опфатат со своите соколови очи својата земја во која стенкаат нивните браќа и другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На лицата им лазат муви, а тие мислат дека се снежинки, вели, привиденија, и стенкаат, викаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас стенкам, се напињам и пот врне, ко цвик од торба. Топило сум.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа ме замижува, ми е незгодно што ме гледа и стенкам, опенам, се лигавам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тука застанува… А во бараките, оставени на рогозина, на сламеник, плачат доенчиња, офкаат и стенкаат разнеможените чиј век е на битисување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го внесоа во собата во која лежев и јас. Цела ноќ стенкаше и викаше. Пцуеше. Колнеше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тука го позајмува неговото име, станува Градишки Пат, и под тоа име, кршкајќи, грбавејќи се, стенкајќи, одморајќи се и припазувајќи се од дивина, која секој миг може да истрча од орманот, се искачува на сртот, кој е гол и зарамнет.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стенка. Штом умираш, те напушта, Таа друшка немушта. Таа сенка.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Се надева и стенка целата толпа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стенкам така, а дишењето ми замалува, сѐ покусо ми станува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќето беа сити. Се местеа околу огнот да заспијат и се менеа при светлоста на запалените трупци и распарчени стебла, беа и луѓе и призраци, стенкаа, се чешаа, ги сврбеше кожата и ги болеа коските под кожата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе