стебленце (ср.)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Надвор снежи а ти влегуваш облечена Во твојата црвена кошула Ги отвораш ноќите и потоа седнуваш Покрај огништето: догоруваат нежните стебленца на нашата цреша Ти се стискаш во мене, полека заспиваш И пред сонот ми велиш: - Гледај, црвена бубачка умира во пепелта.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во јули застанат во вашиот двор да ја кренам раката наспроти сонцето и внимателно движејќи ја низ воздухот да се одрзува сенката на секој нејзин потег како оган што да го нагризе ѕидот сѐ дури мислата на тој цртеж не се вглоби во душата на каменот сѐ дури среде ова болно јаве на животот ѓаволски убава одново не се покажеш ти наведната како му ги замиваш раните на вашето болно ждребе и гледаш на мапата на неговата засушена крв пат што скршнува кон вилински езера и коњ на патот што `ржи самоти ѕвездите и стебленце бела бреза што се ниша над младичот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Обично со часови така стоеја со летната глава, како некое младо, тенко цвеќе на кое лошиот ветар му го скршил стебленцето, па се свиснало, вене. (Но можеби тоа доаѓаше и од гладот) Особено тоа се забележуваше кај девојченцата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Децата како засечени стебленца бргу почнаа да венат, одвај се движеа по дворот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
По некое време се покажа и стебленце и виде дека тоа убаво ботее доколку пеејќи му заспиеш крај него.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
И тогај, над нашите балкански предели кога да зажари лето, кога да надојде жетва, кога да згаснат сите други цветови, тоа сивкасто стебленце ќе проговори со сета своја тага: на врвчињата на боцките ќе се покажат црвени крунички порабени во жолто.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Ја штракам земјата, а стебленцата ми подрипнуваат покрај засекот од мотиката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како да заспаа моите тревки туѓа магија им ја украде моќта твојот мирис во стебленцата кревки претскажав дека ќе те донесе ноќта знаев: сѐ ќе изгубам, но ќе љубам.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Имам една единствена книга за инсекти, мал застарен прирачник на француски, кој на шега ми го подари една добра пријателка - поради мојата градина, необичноста на сликите, да се забавам читајќи за глистите на еден толку отмен јазик - и мојата бубачка во таа книга е прикажана на слика како се качува низ стебленцето на орхидеја.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Испружен на грб ременот на панталоните и јазлите на кондурите одврзани очи замижани раце прекрстени една врз друга на стомакот и едно вито, бело стебленце извишено покрај мене како свешта над глава. Како помрачен вежбам некаква смрт.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во нивните отворени усти се напикани стебленца, лисја и цветови, размачкани со булкин сок како крв.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Велеше дека дење, напладне гледа пламени на небото кои паѓаат како ѕвезди опашести, и оти тие на земјата се претвораат во стебленца светлина што не може секој да ги види, и дека околу тие стебленца се слуша чурлик на канарки кој не може секој да го чуе.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Значи расположбата во која се наоѓам во овој момент ја претставува онаа утринска прошетка на гасеници и полжави по штотуку оросените стебленца и младите лисја!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но иако станува збор за младо стебленце, можеш да се потпреш на него.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кровот направен од сламени долги нежни стебленца, кои од двете страни се потпираа на еден трупец, на врвот се соединуваа, па така изгледаа како капа на бунарот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Косата ти е остра ножица од житни стебленца со кои го попресечуваше ветерот да не те краде од мене;
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Гудалото нежно ми се лизга ту во минатото ту во иднината и ме потсетува дека некој нашинец најпосле треба да му ги истегне ушите на времето пред да ни се исушат сите ритки и пред да престанат да ни врзуваат стебленцата веќе онемени од носталгија.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Стебленцето на тревата затреперува под тешката капка којa полека пифтосува во утринската ладовина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Шумоли спрженото лисје и високите подгорени стебленца на тревата. Земјата се смирува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)