статив (м.)
А тие - кој со камера на рамо, кој со статив на плеќи, кој со акумулатор на колк - скокаат по крупните камења во брзакот на притоката, небаре по грбови на биволи, не како настрвени жабоци туку како трудни жаби.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не сите сликари, навистина, академски или аматерски, особено не оние што сликаат со палета бои во едниот палец, со соодветни четкички во другата рака и со исправен штафелај пред себе, како и секој инструменталист пред својот статив со отворени ноти.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Види, човече, ’ко статив е... немој да ми кажеш дека го снимал ова од рамо!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)