старче ср.

старче (ср.)

Старчето молеше да отвориме, колнеше, гласно ги повикуваше светците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со газијарниче в рака, клисарот стрико Мијале, мало и бело старче, го метеше камениот под.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Да, уште ракија старче. Тежок пат.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Има по нашите села и такви старчиња: побелени веќе а младолики - румени, чисти, проѕирни, со меки движења, како освен `рбетот во нив да нема ни една коска.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Занимливо старче. Седумдесет години без брзање вртело в круг и стасало таму каде што било доенче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Такво шеќерно старче беше и дедо му на ловецот Капсула, секогаш смело загледано во туѓите очи; ништо не бара во нив, само го огледува своето лице, нема ли на кожата некоја ненужна дамка што би го урнала светечкиот негов изглед пред луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Старче, продај ни уште малку ракија. Тежок пат не чека“. проговори некој од него.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Забитот зборуваше по турски, a еден од аскериве – вчерашниот калуѓер – му ги преведуваше на стариот прашањата: – Од ова село си старче? – праша забитот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Старчето ја накривуваше главата на птичји начин, ту на една ту на друга страна и прашуваше грлено и смешно изговарајќи го „р“ -то.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Библиски потоп“, рече старчето. „Ќе остане само она што е во Нојовиот ковчег.“ Стануваше здодевно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Бубачките - од што?“ ја зафрли главата старчето нишанејќи го со острото брадиче.“ ја зафрли главата старчето нишанејќи го со острото брадиче.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И ова старче, со она негово пониско рамо, продолжуваше веќе и да си ги валка своите вредни раце со некакви ситни кражбички, и беше сѐ порадосно, мислејќи дека еднаш и тој мораше да дочека среќата да му се насмевне, сфаќајќи ги за своја среќа токму тие свои поеднипати и до смешност бесмислени кражбички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тоа старче Змејко никогаш не можеше да погледне без да се насмевне сожаливо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сега тоа старче си имаше и нова куќа, како и сите други бригадири, како сите братучеди и чичковци на Претседателот, а во секоја соба и тоа имаше по еден персиски килим, по еден од оние, што ги ткаеја девојките од нивното село во текстилната бригада на Задругата, никаде непрокнижен, напросто земен и однесен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му текна нешто и рече: - Те молам, старче, почекај ме малку, а јас ќе прошетам низ градината, да размислам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кутрото старче трчаше безнадежно по својата шапка, а злобниот Димче се смееше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дувна силен ветер и од главата на едно старче, што полека се движеше по улицата, ја крена шапката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не знам дали тоа старче припаѓаше на некоја партија, но тој говореше за Виетнамците и пламено ја бранеше нивната борба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сето зацрвенето и зазбивтано, ова старче чиниш фрлаше искри од устата и, за сето време додека говореше, гестикулираше толку силно , што чиниш со рацете ги удираше оние против кои беа упатени неговите зборови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Природно, ги имаше и пред говорничката плоштатка на старата црквичка: Се втурнаа меѓу луѓето што го слушаа старчето и само се појавија толку колку за да ги забележи говорникот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе