старото (ср.)
Тој ги изненади своите посетители со низа архитектонски решенија на објектите, кои на градот му даваат нова физиономија, која успешно се вклопува со старото и убавото на овој град.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Будимпешта остава многу силен впечаток со зачуваноста на старото и токму тоа е она, што ја одделува од другите европски урбанизирани средини, во кои доминираат бетонот, железото, правата линија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Асоцијативни тези:
- и по петнаесет столетија
Стоби е осамено и мисли
на сопствениот расцвет;
-носталгијата се зголемува
пред свеста дека минатото не се враќа
туку се обновува во нови форми;
-човекот, Стоби, човекот;
-барајќи ја одново втората половина
на дваесеттиот век
се наоѓаме во состојба во којашто
се измешани старото и новото време;
-мртвите жители на Стоби се билките
и тагата, урнатините што ги прават убави и живи;
- Стоби живее.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Секој ден се открива нешто ново кое е различно од старото.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)