старател (м.)
Секоја од овие мачки си има свој стопан, „старател“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не може и сепак сака да се намести на коленици во тој воен акшам да стори метание за последна молитва на денот и на својот живот. наеднаш му е жал, има жена и неколку деца, животот ќе ги сомеле без старател.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Па, познато е, на пример, дека кога едното, постарото дете, си зема улога на старател и командант, и уште ако е поддржувано од родителите, кај помалото се јавува чувство на отпор, на завист и, дури, на омраза.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ако делото го стори старател, полномошник, застапник или адвокат – ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Најголема дрога се нашите медиуми кои зрачат бетер и од Фукушима - изјави радиоконфузната Пудлица која ретко вршеше контрола на програми кои се препорачуваат за деца до 12 години за кој ни родител ни старател не можеше да им изврши надзор.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Му станале старатели, чичко и стрина, мајка и татко.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А тој, во работничка облека, подарок од стопанството каде неговиот старател бил вработен.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)