стандарден прид.

стандарден (прид.)

Јапонската наклонетост кон посредноста и непотполноста претпоставува хомогена култура која ќе може да чита помеѓу редови, а збирот на стандардни уметнички форми и методи кои се развивале со текот на времето овозможуваат квалитетот да биде точно измерен, што му одговара на едно до детали раслоено општество.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ја изрецитирав мојата стандардна реклама за муштерии.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се очекуваше дека Новоговорот дефинитивно ќе го сузбие Староговорот ( или стандардниот англиски јазик, како што ќе го викаме ) околу 2050-та година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На Староговор ( или на стандарден англиски ) ова можеше да се преведе вака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Концепцијата стандардна. На првата страничка Рипли и неговото Верували или не.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Така, покрај стандардните воени вежби на југословенската армада и цивилното пучанство требаше да биде заучено на соодветен пакет мерки и активности од полувоена природа, за со нивна помош целосно да се инфилтрира во концептот Сите сме одбрана.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Инаку сликата на Тито беше стандарден реквизит во секоја канцеларија и јавна просторија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На мажите повеќе им лежеа глаголите, и тоа неповратните, нерефлексивните - со исклучок на „ми се може“, кој и онака тешко може да се вклопи во стандардните речници.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Првите закани уследија по успехот (јас си припишувам дел од тој успех себеси) кога проституцијата од Заводот за статистика во Стандардната класификација беше заведена во графата на занимања како професија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бидејќи немаме никаков општествен поттик да се вљубиме и бидејќи немаме никаков сопствен стандарден, надворешен, јавен облик со кој ќе ги дефинираме и претставуваме сопствените венчални односи, мораме да ги персонализираме постојните општествени облици за да ги направиме наши.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако дечките што изгледаа како обични дечки, на кои се гледаше старомодна, стандардна мажественост, честопати беа еротски објекти на цена, многумина од новајлиите во геј-гетата постепено доживеаја разубедување од своите старомодни, рустични, паланечки, непросветлени гледишта – од своите „емоционални јанѕи“ и од „неослободените“ ставови – вклучително и од придржувањето кон крутите родови стилови, кон несоодветните романтични мечти, кон рестриктивната сексуална моралност, кон политичката конзервативност, кон божемната чедност и кон други малограѓански вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)