стамен прид.

стамен (прид.)

Беше убава, со долги црни коси, со сини очи, ведар израз, висока, стамена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше висок, со стамена става, со густи негувани црни мустаќи, со широко отворено чело.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Баба Марија не го спомнуваше долапот. Воопшто земено, баба ти беше мирна стамена жена.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не сум сигурен што точно ми помага да верувам дека не грешам кога си ти во прашање: физичката големина, препознатливото чекорење на кое многумина веројатно му припишуваат стамени војнички карактеристики, облеката, или што се чини уште поверојатно, нашето долгогодишно дружење?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Татко, некогаш висок, со цврста и стамена става, со енергичен и строг поглед, сега беше видливо ослабен, подвиен од товарот на годините, предвреме остарен, со постојано благ израз на лицето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оснежена граница помеѓу минливоста И стамениот брег.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не испеа ниту слог во слава на диктаторот! Остана стамен и горд.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во неа Богдан Русимиров откри жена со карактер, стамена и угледна госпоѓа, со шмек во работата и со наследена, класична култура на однесување, жена во која никој не би се посомневал дека таа би можела да биде внесена во толку сложена и чувствителна дејност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А другиот главатар имал син - Лабид - момче со стамена става.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)