Стамбол име.
стамболка ж.

Стамбол (име.)

А знаат ли Бугарите оти во тоа време кога тие го имаат во Петроград еден Станчев, Србите го имаат таму еден Пашиќ, 78 или еден Груиќ79 или еден Новаковиќ? 80 Овие дипломати последователно се или во Петроград или во Стамбул; и на едното и на другото место тие остануваат по неколку години со ред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од Стамбул телеграфираат во разни европски новини (Standard) оти англиската и француската средоземна флота добиле повела да се наоѓаат блиску до македонските води.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
81. Ама г. Зиновјев им помагал и им сочувствувал на Србите. Тоа може да биде вистина, но тој го прави тоа не зашто ги мрази Бугарите, а зашто српските посланици во Стамбул се логични, ги знаат арно нивните интереси и можат да ги заштитуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не виделе тие таква невеста од Стамбол до Солун.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зеде на заем од добри луѓе од Дуње некое кило ’рж и зачека што ќе стане понатаму со неговите одведени деца во Стамбол.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И тие ги гледаа во мислите своите деца претепани, измачени, гладни, голи и боси како газат во студената кал, како се тресат ноќе затворени во студените аништа, и... најпосле како сите ги обесил султанот во Стамбол.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Чинете гајрет да отидеме живо до Стамбол, белким таму ќе се разбистри работата, – не престануваше да ги теши стариот поп Димитрија. Но далеку беше Стамбол.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кајмакамот седнува, потоа вели: Ќе ти зададам три прашања: ако одговориш, ќе те пратам на царски лицеј во Стамбол.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поубава не ќе најдеш оттука до Стамбол.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сета негова душа трепереше од возбуда и напрежение што побргу да се турне Арсланбеј да се напади аскерот од Витолишта за да отрча кон Прилеп, Битола, Лерин, Воден, Солун, па да му отиде и на султанот во Стамбол да го турне од столот, за да не му мириса веќе никогаш на турчовина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Искинатите телефонски мрежи и железничкиот сообраќај меѓу Битола и Солун, запалените беговски чифлички кули и слами, оружаните напади во целиот битолски револуционен округ, поразите на аскерот скоро во сите операции, му задаваа сериозни грижи не само на валијата и пашата во Битола, туку го натераа сериозно да се замисли и Хилмипаша во Стамбол, а преку него и самиот султан Абдул Хамид.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Побрзајте, — му рече, — јас денеска заминувам за Стамбол, та не ќе можам лично да ви ја свршам оваа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А немаше година откако се врати од Стамбол. Цел живот таму го помина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таков коњ, се зборуваше, немало друг во царството, немале дури ни султаните во Стамбол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А еднаш, со гемии, по море, од Солун, беше ти отишле и во Стамбол за истата работ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И поткрепа имаат од прилепските и битолските првенци, и согласност од овдешните Турци, и мајстор кои ќе им ја соѕидаат црквата, и човек кој ќе им го направи живописот внатре во црквата, и камење и вар, и песок и сè што е потребно за ѕидање црква имаат дотерано на Рамник на Горник, и иако одовде до Стамбол имаат сè поткупено, и турско и каурско, одобрение за ѕидање црква не стигнува од Стамбол од султанот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
До тој ден некако и може да се следи по нешто од животот на Рубина Фаин, а ние никогаш не ќе знаеме како изгледала таа тогаш во бегството од Стамбол, пред тоа или по тоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Вратете ме долу, свикал царот. не сакам да ги видам ни Солун, ни Стамбол. По Германија не ќе пукнам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Простувајќи се од зимата на Женева и од пријателите,Кристапор Микелајн, сега како русин и под името Самуил Фаин, за Стамбол да ја проучи можноста за атентат врз султанот Абдул Хамид, за сите поробени, поточно за оние што веќе не можеа да го издржат робувањето под Отоманска Империја, тој синоним на злото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе