среќавање (ср.)
МЛАДИЧОТ: Организирајте го Вие само среќавањето со Ѓорчета, па после барајте од мене што сакате.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Тоа им го расипуваше празникот на среќавањата со градот, многумина веќе го мразеа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега можеше и да се радува што ќе биде неколку недели надвор од оној до ситници раздробен и познат ден во селото, кога сеќаваш како секој поглед, секој збор, оди против тоа да те препознае и да те признае, те пренебрегнува, те премолчува, те принудува на една спарушеност, на една изветвеност од честите среќавања, од долгото гледање и од долгото познавање.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа среќавање со добриот старец го чувствуваше како потреба, како свое лично задоволство и знаеше дека и за дедо Иван неговата посета е радосен, весел настан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ако има ТОЈ ВЕК ТАМУ и ако има и таму среќавање, ако не се срами господ.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со тоа уште на почетокот на едно среќавање е воспоставена доверба, почитување, па и новодојдениот и затечените се чувствуваат слободно, убаво, човечки.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Но тој бил и останал љубезен и со насмевка на младоженец пред прва вечер во која тој само ќе го повтори она што го научил на тајни среќавања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Молчев, не сакав да разговарам за она на што не сакав или не можев да мислам по среќавањето со Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И покрај очевидната драматуршка комплицираност на пиесата, заситена со „литературност“ на дијалозите, „Настан“ (по првото студено среќавање на премиерата) беше сретнат од гледачите со одобрување.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Среќавањето на релевантни дела во таканаречената медиска уметност ни покажува дека се тоа дела кои ги демонстрираат начелата на квантната механика (претставувањето на објектот е зависно од посматрачот, незабележените објекти не се обработени како вистински работи и случки, туку како склопови од флуктуирачки можности), ја земаат предвид новата структурираност на сензибилноста и нејзината комплексност (воведување на тактилниот осет), ја демонстрираат нелинеарноста (егзистенцијални, случајни навлегувања во системите) и го нагласуваат естетското начело како мерило на новата научност. што мислиме со следново?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Случајност или духовно среќавање? Албанскиот брег на Охридското Езеро ја инспирира повеста на слободата на еден друг балкански писател, Исмаил Кадаре, со наслов на книга сам по себе субверзивен: Летот на последниот преселник.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Впрочем, тие го знаеле неговиот став и нивното евентуално среќавање можело да има само информативен карактер, Делчев, колку и да симпатизирал на нивната акција, бил револуционер кој ослободувањето го очекувал од свесната акција на широките обесправени маси и сѐ што правел на револуционерен план секогаш првенствено ги имал на ум интересите на Организација.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се најдоа во викендицата дури третиот ден по среќавањето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во потсетникот на едно од среќавањата на пример стои дека ние двајцата имаме зборувано за братовчедот Благоја, за тетка Боса Сотирова, за Панарџиевите од Горно Маало.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И да ти признаам, (барем тоа можам): љубопитството ме доведе и на твојот погреб, иако, знам, дека дури и самото мое појавување овде и во овој час ти го сметаш за некоректно па дури и непристојно со оглед на некои од нашите поранешни среќавања.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Да почувствува човек силна потреба да ја овековечи, не за себе ами за животот, зашто кој доживеал едно такво среќавање со неа, нема да ја заборави, само ќе жали дека одминала.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ваквите среќавања, како сношното, само ја потсилуваат таа тревога.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И стариов сака да
доживее едно такво среќавање, макар со нејзината слика.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ако среќавањето пред тој јунски ден, во јануари на таа година, со пламените стихови на „Очи“ и „Љубов“ говорени од Ацо Шопов на конгресот на македонската младина во скопскиот офицерски дом беше сето во егзалтацијата и патосот на големото славје на слободата и во првата фасцинација со убавината на ослободениот македонски јазик, доживувањето на Рациновите елегични, чемерни стихови на болката и убавината на неговата Балада, се откриваше како трагично идентификација на самиот Рацин, во смртта, во онаа „кара смрт“, со непознатиот војник од една друга војна, - Големата, „световната“ - идентификација што ги исполнуваше и обединуваше луѓето во заедничка тага.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)