срасне (св.)
Лежев сраснат со грб за земјата кога Марко Марикин, самарџија, абаџија и некогашен црковен пејач, човек што има за сѐ свои и само свои причини, малку разбирливи за другите, почна да се смее и да се удира наведнат со дланки по колениците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Никогаш на овие предели на Балканот човекот не беше се зближил, не беше сраснал толку со некое животно.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Самарот, тие години, му се беше вовлекол под кожата, поточно му беше сраснал со грбот, со плешките.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сепак, сметам дека сум сраснат со кујната, со онаа која насекаде има свое место, со онаа во која со сласт се вдишуваат нејзините мириси.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)