срамежливо прил.
срамежливост ж.

срамежливо (прил.)

СИМКА: (Со насмевка). Од црква идам, Костадине. Бев пред света Пречиста... да ја дарувам... (Срамежливо). Костадине, денес многу, многу те милувам...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Си го симна букарот, го остави на ред, а Доста ги остави ѓумовите и застана крај Митра, срамежливо, како што ѝ прилега на млада невеста и тоа јабанџика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не достига до неговата свест ни морето испружено во недогледниот спокој, ни облаците тешки и мрачни, ни девојкиното срамежливо кикотење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јас гледав срамежливо кон земјата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На некоја, ете, устата ѝ станала блага, мека, чиниш ѝ тече мед, друга те изненадила со долг и светол поглед, мил, срцето да ти го стопли, чиниш над главата ти се отворило небото, виножито, те гали, о боже, трета пак срамежливо ведне глава кон земјата, се срамува, кротко, како јагне, гледаш ѝ се позашилиле градите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Погледна кон убавото, сурово лице на водичот, врз кое Месечината срамежливо фрлаше зрнце светлина и едноставно рече: - Ајде.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Тој појде по вас и рече дека сака да ви помогне, тивко, скоро срамежливо плачела жената.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зрак бледа светлина се откраднува од синиот свод, ја погалува по срамежливо откриеното колено, додека ногата ѝ го испушта однапред научениот полукруг.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Бабата Русинка нѐ повика да влеземе во собата, а ние срамежливо ја подотворивме вратата и влеговме со козлето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сталинка првин срамежливо, а потем игриво појде кон прчот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Огледалото како срамежливо невинче црвенее кога ќе ме здогледа. Ја голтнав четкичката за заби.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
За миг сноп светлина ѝ се задржа на купчето интимни влакна преклопени од отокот на нејзиниот стомак, па речиси срамежливо тргна надолу по нозете и тогаш сите цајкани погледнаа во нас, посебно во тебе, а ти си го стегна ќебето како да се плашеше дека ќе го конфискуваат како доказ или ќе го употребат како покривка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Над јајчестата фаца со срамежливо затворени усни, сините подзамижани очи, блескотат како подзакриени џамлии.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Мртви, превртени, со три пара нозе деликатно распоредени и срамежливо прекрстени врз стомакот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Му одговорив дека сакам да знам каков е. Сите срамежливо се насмејаа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Неговите бледосиви очи прелетуваа срамежливо од едно лице до друго и брзо скршнуваа настрана кога ќе се сретнеа со нечиј поглед.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Почна да се вртка на седиштето. Најпосле стана, се отетерави несмасно преку ќелијата, пробуричка низ џебот на својата униформа и срамежливо му подаде едно извалкано парче леб на лицето-череп.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност тој многу искрено постапи кога призна, иако и премногу тихо и срамежливо, дека никогаш не плука по оној кој го храни. И толку!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Ќе задоцниме за настапот – срамежливо се јавува понечујната другарка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе