способен прид.

способен (прид.)

А поддршката на мнозинството Турција ќе ја добие само ако се погрижи да воведе во Македонија вистински реформи, способни навистина да ги зачуваат националните и религиозните интереси на поданиците, нивните граѓански права и сносното економско постоење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Светлокосиот зачудено го изгледа, одмерувајќи го од глава до петици со таков поглед како да сакаше да каже: откај накај си способен ти за таа работа!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Токмо сега се осетуам способна за маж.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вистината беше проста и гола како нож: неговите раце не беа способни за битка и предавнички се тресеа, беа престарени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но тоа беше вешта сенка на вешт провалник способна да живее сама за себе иако тоа не го правеше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа што не бев способен да ти го дадам, зашто немав ни вид ни слух за неговиот сјај и звук.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во обвинителниот акт што го читаше офицерот беше допуштено чудење и се изразуваше мислење дека за вакви дела се способни луѓе што ги имаат развиено до крајна мера фанатизмот и престапноста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ што беше машко, способно за оружје, беше потерано в борба.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие мрсници се способни на сѐ. Тие, како што може да се види од твојот случај ви ги менуваат имињата за доказ дека вие божем сте Бугари...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Срцето! Не беше готов ниту способен да води ваков разговор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вели дека е болна, дека не може да седи, затоа што ја боли ’рбетникот и дека не е способна да работи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Анѓа долго лежела во париските болници а еден ден ја отпуштиле со уверување дека е здрава и способна за работа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наведуваше примери: кучето е способно за полово општење во втората година, а живее просечно дванаесет години; коњот, кобилата, говедата, способни се за полово општење во третата година, а живеат просечно дваесет години.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но тоа беше вешта сенка на вешт провалник способна да живее самата за себе иако тоа не го правеше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Ах, да, - се досетив, - значи така. Мајка ми себеси се смета за уметник, а бидејќи не е способна за создавање, романот не го ни почнала.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Клучот - како нешто најскапо, како потврда дека и јас сум слободен, самостоен, способен да се грижам и за себе, и за домата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас сум таа, заедно со татко ти, која упорно го поткрепуваше твоето убедување дека човекот мора да си го сочува својот интегритет, да биде способен да ја забрани слободата од детските дни, и надворешните присилби да ги направи што е можно побезопасни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Жан Ложје, француски поет и актер Романот Времето на козите е прекрасна романсирана сатира, потхранета со семејни сеќавања и искуства, која­што добива фантазмогоричен карактер а ла Свифт, толку способна да го прикаже иреалниот и бурлескен карактер на секоја диктатура..
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Опкружени со симулакрумот на вредноста и фантомот на капиталот и власта, ние сме многу повеќе разоружени и повеќе немоќни отколку кога сме опкружени со законот на вредноста и робата, бидејќи системот се покажа способен да ја интегрира сопствената смрт и бидејќи ни е одземена одговорноста за неа, што значи дека ни е украден пазарот на нашиот сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе