спортист (м.)
На веселана девојка со очи натопени во грев, на безгрижната група спортисти со торби преку рамо, на мајсторон на врв електричен столб, не може никој да им закачи бројка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ќе залепи некакој постер - пејач, спортист - подоцна ќе одбере.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Не сакам ни да се замарам со другите спортови зашто на крај ќе искочи дека овде има поише спортисти од жители.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Се работи за мала, но поволна измена на одредбите на ЗПИО со која се обезбедува задолжително пензиско и инвалидско осигурување во случај на настапување на инвалидност и телесно оштетување и за корисниците на социјална помош поради повреда настаната при нивно работно ангажирање, учесниците во волонтерски активности, како и спортистите аматери и професионалните спортисти (чл. 6, ЗИДЗПИО/07).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Не знаевме ништо за партиската идеологија, па сепак говорејќи со јазикот со кој говореа политичарите, учителите, спортистите, уметниците и оние кои го издигаа руинираното стопанство, бевме поддржувачи на правилното изразување во новиот народен јазик.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Значи, малиот другар кој божем мене ми се додели автоматски, зошто бившиот спортист, нели, беше со Лима, не беше многу убав, но беше некако мил и водевме интересен дијалог.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Спортистот ја имаше славата, овој ги имаше парите и тоа е добра формула за добар улов.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Но, тоа го прават под мошне посебни условишто создаваат специфично машко кодирање на нивната активност – како кога настапуваат во својство на спортисти или акциски јунаци или политичари.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)