спомнување ср.

спомнување (ср.)

НЕДА: (Се тргнува од замисленоста. Очигледно дека ја освестува спомнувањето на името од Ѓорчета.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Изулавено скокна од масата, запеа и се затвори на едно место што не е за спомнување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но, не помалку интересна е и публиката: и таа, при спомнувањето на забранетото, на општествено санкционираното, доживува еден вид оргазмичко задоволство, празнење што наликува на катарктичко искуство.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Што ти стана? – скокнав и јас по неа, искористувајќи го моментот малку да се приберам од растроеноста што ми ја предизвика спомнувањето на Мартин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Најинтересното од она што го кажа жената во возот беше спомнувањето на името на еден од главатарите на единицата - собрав сили да го изнесам и последниот податок што Огнена, таму, во купето, неколкупати го повтори.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто се мрштиш? Поради спомнувањето на она, инстинкти?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уште додека садеше дрвца во голините на Водно со Танаско и со Вангел на Борис Биџов, при едно спомнување на Вангел дека преку Трудот нашол работа во Монополот, таа тоа си го врза во крпче.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Спомнувањето храброст, дали тоа не е понекогаш Копнеење по загубен кладенец в пустина?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И, како совршено заокружување на сѐ она што веќе ми го имаше речено, онаа смешна додавка: иако не бил моментот за спомнување обетки, белегзии и други женски глупости ете, таа и тоа го прави па затоа сите отклоненија во нејзиниот разговор да не сум ги сфаќал сериозно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Самото спомнување на името живите борци на ДАГ ги враќа во тоа дамнешно и налудничаво време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А нам ни ја пресекоја радоста и ни отворија рана, болна, сечена, тешка, отворена рана... рана на срцето и рана на душата, рана што не се гои, и при секое спомнување на рожбата боли, се отвора, се обновува и крвари, гори и пече.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Инаку, вредно за спомнување е тоа дека уште пред тој да го покрене спорот, веќе не работеше во фирмата – бидејќи раководството на „Охис“, претходно му понуди околу 2.000 ЕУР отпремнина за тој да биде прогласен како технолошки вишок и „доброволно“ да го напушти работното место, но сепак не спомнаа ништо во врска со намирувањето на платите кои му ги должеа од порано.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но во нашите разговори спомнувањето на Шефот, колку што не ги заматуваше, исто толку не ги разбиструваше работите, а тоа за сите нас беше доволно јасно и затоа никој на тоа не му придаваше особено значење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- На спомнувањето на Томовото име, на Рада ѝ се истури кафето на маса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кикицас ја изгаси цигарата и рече: - Во оваа ситуација тој предлог е веќе задоцнет и не постои никаква реална можност за негова реализација, па дури и за спомнување.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Приказна за татко што го исфрла сина си на улица или се откажува од него или за татко што сплеткари против сина си или му ја планира смртта; настан во кој син го удира татка си; приказна за син што се обидува да го убие татка си: самото спомнување на вакви сценарија е доволно да потсети на познатите сижеа од европската книжевност и култура – а да не зборуваме за фројдовската психоанализа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)