сплеткан (прид.)
Како да одам кога сум задоцнил со вас шашардисани и сплеткани!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Чувствуваше дека до смрт би можел да ги забуца забите во нечие месо но вака сплеткан во лудачка кошула беше беспомошен. „Курвино семе“, мрмореше. „Курвино семе.“ Тие се сетија и молкнаа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Беше сплеткан до грклан во своите врвици што водеа кон нигде. „Решуваш гатанки, другар брат?“ Брат му ги стегна јазлите на тие врвици. „Сѐ е решено.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Виде во светлиот квадрат на зградата згуснати сенки и ја виде и неа со тие сенки, издолжени и сплеткани до четвртиот багрем на уличниот дрворед, и се одлепи во темниот ѕид.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Со гранките испреплетени сонцето си го затемнија и се задушија. Со корењата сплеткани животните сокови ги исцрпија и гладуваа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Сплеткани, неми веднаш застанаа во строј. Проклет да бидам, неми.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Под земјичкава е бескрајното царство на сиромавиот. Само тој и црвите. И сплеткани корења околу неговите коски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од силното потскокнување по нерамноста на тој пат-непат тркалата се заканувале да се распаднат, помеѓу колските ѕидови од сплеткани прачки невозможно било да се седи или да се лежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Светот е во мрежа сплеткан, исполинска сенка сѐ е.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Со корењата сплеткани животните сокови ги исцрпија и гладуваа.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Пискулиев наоѓа извесно задоволство во оваа примена на своите знаења, зашто тој е свесен и за една основна слабост своја како специјалист, што толку му се одмаздувала на испитите: тој ги памети многу добро
сплетканите латински имиња, а не може да каже нешто сосем просто, не може да мине кон примената.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Нејзините надежи и делумно ќе се исполнат, кога Татко, сплеткан во витлите на Големата војна, најверојатно жртва на хасмата*во родниот Подградец, работејќи во еден период како преведувач по француски јазик и инспектор на училиштата на албански јазик (според записи на легендарниот поетот од Подградец Ласгуш Порадеци), под управа на француската администрација, по наговор на командантот на француската окупациона зона Едуард Огист Иполит Мортје ќе се најде, по тајни патишта, во цветот на младоста, во Истанбул за да учи за кадија, крај својот вујко Али Фетхи-беј, во времето на најжестоките борби за создавање на нова Турција, по целосниот распад на Османската империја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Само сликите останаа нем сведок, на сплеткани текови од животот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Ние имаме многу сплеткана судбина, ниту сме докрај Запад, ниту сме докрај Исток, ниту сме докрај Европа, ниту сме докрај Азија, повеќе сме едното во другото, отколку едното без другото.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)