спитомен прид.

спитомен (прид.)

На исток висеше сочниот портокал на деницата Месецот, како малечко рисче, спитомен и милкав, стоеше со притиснато лице на самиот раб од шумата, готов секој момент да капне зад неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И снегот сега беше некако спитомен и омекнат, лежеше во нозете на тој спалавен ветер како некоја кротка животинка, почнувајќи пополека да линее под допирот на неговите топли прсти, станувајќи притоа нетолку изгаснат, колку со една своја нова, спитомена белина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше огромни, спитомени, легнати раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од возбуденост дома бараше - маче, кутре, папагал, канаринче, верверичка, морско глувче, желка - сѐ што видела таму - дури и спитомена страчка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во просторот седи огромниот рид таа мачка спитомена од прстите на сестра ми.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А јас во песот гледам: Дали ќе заборави дека е спитомен кога ќе ви ги лизне рацете.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не се плашат, се спитомени и слеани со местото и луѓето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
1. Забрането одење по стапките Забранети стапки по нестапнатото Забрането блиско во далечината Забрането лице во опачината Забрането отворање на сандакот Забрането ловење спитомен дивеч Забрането бакнување илузии Забрането дете во утроба Забрането плетење бессоница Забранети обетки на црешната Забранета година во векот Забрането икање на работен ручек Забрането паркирање на крстопат Забранета плитка вода во вирот Забранета емисија за змејови Забрането срце во кафезот Забрането чешање по тилот Забрането слегување на патот за горе Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)