спиење ср.
спие несв.

спиење (ср.)

Станал од спиење Велко и си го грабна Силјан в раце, та си го измилувал и слатко си го целивал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
АРАНЃЕЛ: Ништо не знам. Да го суредиш! (На работниците). Еј, свршувајте работата и на спиење!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тој служи за подниците, а каде што семејството е многубројно и не ги збира сите да спијат по катиштата, им фрлаат по некое рогузинче на децата навечер за спиење, додека блиското семејство, мажот со жената, и по некое дете, спијат пак на рогузина и козинаво покровче, по катиштата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Господин капетане. Зора е. За човек во униформа доволно е толку спиење.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се запре пред огледалото и кога го виде својот лик, со потечени очи од спиење, со расчорлена коса траги од мармалад околу устата, останати од синоќа го исплази јазикот и му се искриви на својот лик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Каков си ти немирен човек, твојот пријател ми се допаѓа, спие кога е време за спиење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Секоја вечер го менуваше местото за спиење. Се измешуваше со луѓето за да не го видат очите што го бараат неговото тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа не е обично спиење, туку некакво малаксано растопување, копнеење и бегање од самиот себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
О, и со тоа спиење! Какви неволји!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Па и со спиењето е слично: раководителите велат дека со спиењето и децата растеле...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Кој може да издржи без спиење! Сонот е убав и мислата за утрешниот ден е убава.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Вечерта подолго си играв со неа, ѝ раскажав една приказна повеќе, а пред спиење прошетавме уште по една нешетана улица.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И како што е ненормално да се оди на спиење в изба, ненормално е постојано да се живее на катот.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
- Оние платна веќе нема да ги распнувате! - рече дедо Димо. - Ќе уредиме спиење во плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Толе таа ноќ спиеше со Ќосото баш кај тетка му на овега во Полчишта и нареди никој да не го беспокои ноќеска, па макар јузбашијата со сиот аскер да го сардиса: — Утре на видело ќе се расправам, кој сака нека иде! — беше последната негова наредба пред спиење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
20. КОЈ СИ КРАДЕ ОД СОНОТ, СИ КРАДЕ ОД ВЕКОТ - спанковците би биле најчесните во тој однос, единствена грижа уште ќе му остане на секој пред спиење да си легне поудобно и згодно...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Каурите се спремаат да ја уриваат нашата царштина од темел па чекај ги и кај тебе некоја ноќ и приварди се да не те најдат на спиење и да те испечат жив во конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Посакав веднаш да сме дома, да суредуваме со татко ми, да приготвуваме ручек за утредента, потоа да наместиме убаво за вечера, да вечераме, па да ги наместиме креветите за спиење.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Беше изминала скоро една недела и јас заборавив за тоа, кога Вера, една вечер, покривајќи не по обичајот пред спиење ни рече: - Сакам вечерва да ви раскажам една вистинска приказна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе