спанко (м.)
На нив спанковците чекаат златен медал.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
И веќе на светов не е сигурна ни една влада заради спанковската олимпијада.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
И попусто. Спанкото не ќе го разбуди ни Парагвај, ни Уругвај, ни Куба - дури и заедно со Мексико и Чиле да дуваат во најголема труба.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
- Доброутро, спанко! - слушна Полжавот потсмешлив, познат глас.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
20. КОЈ СИ КРАДЕ ОД СОНОТ, СИ КРАДЕ ОД ВЕКОТ - спанковците би биле најчесните во тој однос, единствена грижа уште ќе му остане на секој пред спиење да си легне поудобно и згодно...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Се погоди некој спанко, недоспан човек.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Спанко, каков што го имаше дадено Господ, летањето секогаш го исцрпуваше и го правеше уште попоспан.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во неа полесно се одгатнува дали ѕвоната од Кремљ ги опоменуваат спанковците или ужасни соништа ми ја расипуваат ноќта.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Е, тоа кутриот спанко не можел да го поднесе, па прибегнал кон најсуровото, за него единствено решение, самоубиство, но откако прво со себе го понел и семејството.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Ајде спанко, станувај! Појадокот е сервиран на масата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Ајде, спанко! Станувај! Неделата помина, училиштето те чека, - ја слушна мајка ѝ.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Доброутро, спанко! Повторно ме плашиш. Томо само ја развлече устата во нешто што требаше да личи на насмевка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)