спадне (св.)
Ја чекаат пролетта, да спадне реката, па по петмесечна одвоеност да се прегрнат и да потрчаат заедно по ливадите.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
На третиот ден како да им потспадна огнот на децата. И, мене, ми подојде душа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ја чукаше Дукле со тупаници по плеќите да ѝ спадне залакот, да земе здив.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Имено, другите кралеви или шетаат сосема голи, или, во најдобар случај, во некои изветвеници што секој миг ќе им спаднат од телото.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Нешто се тресе во водата ладна стружанка млада широкоградна камен од бубрег во бешика спадна голем ко орев го измочав падна Во Струга сакам и плажа да имам да не плаќам данок пари да зимам езеро чисто јас да благословам нелегално пастрмки со мрежа да ловам Оф леле леле либе ле Дримот ги лади јајцата две виршлата веќе одамна се свари за тебе ќе пишам на старост мемоари Донеси либе пиво од туба да заблажам душа и слатко од дуња облечи вечер свечена руба од сите ороспии да бидеш најубаа
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)