сончевина ж.

сончевина (ж.)

Само во висината, во сончевината две бели птици се капат.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Стоеше само еден миг на таа пребликната сончевина, престегнат и бодар. Така замина, без да се обѕрнува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Почиваа на црвеникавата сончевина, си ги оптегнуваа своите раце за да си ги одморат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше една чудна миризба на сончевина и на тих домашен говор, сакаше долго да ја има на лицето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека тие така го откриваа какаото, планината пред нив веќе беше преплавена со предесенска сончевина во чиј сјај лисјата поцрвенуваа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Волшебен беше и наутро, и кога сонцето ќе се најдеше зад него, па темен на златната заднина од небото, опшиен по рабовите со златен конец на сончевината, врвот изгледаше неописливо убаво, волшебен над сите волшебности.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како што излезе така се протегна загледувајќи се во сончевината потечена надолу да го преплави и полето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И замолкнаа старецот и детето, се преселија за малку во мислите во тој иден, убав летен ден, кога планината ќе биде најубава, кога ќе биде украсена со сите бои на ѕуницата, озвучена од грлата на сите птици и позлатена со сончевина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мижуркам: низ трепките сончевината се распаѓа во многу дробни ѕуници.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А пладнето блескотеше, топејќи ја својата сончевина по испразнетите улици.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Денот сосема е отворен и полеан со студена сончевина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога излезе на балкон, Маре пак замижа - сега од сончевината а не од темнината.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога се умори од тоа лудување, се смири на грб замижан од сончевината, од која не го гледаше небото, а потоа, за да не потоне во тоа блаженство, заплива кон длабочината на езерото, сечејќи ги неговите благи бранови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Облечена во древната облека на утрото од рујни зрна сончевина Нанижани на танките и нечујни нишки на тихиот здив на птиците овде сѐ уште самува сенката на нејзиниот глас.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Со таа дива билка што ја чувствуваше како да ѝ расте во грлото и во градите, таа ја пречека окупацијата.  Одново и одново: Ечи Жешов од човечки гласови и звуци под пролетната сончевина на фриволниот ден.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„*Сега јас ја преземам работата*“, рече Хрисостом. Карер му потврди на владиката. Утредента, скудната декемвриска сончевина го затече владиката пред штабот на Беренц.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од црквата се источува нова река луѓе, дотерани, расположени, излезени по молитвата да прошетаат на пријатната пролетна сончевина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можеш да го насликаш со зелена боја и многу сонце а кога ќе поверуваш дека си го натокмил со сите сличности и дека си го сместил токму онаму каде што припаѓа ќе затрепери неговата набрекната белузлава гуша а главата невешто ќе се искриви голтајќи го лакомо златестиот меур сончевина.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тоа беше пат кој сам од себе се роди од хаосот: Огледало, отворено пред неговите очи, кое јасно го покажуваше вртежот на компасот во сите можни правци, пулсирајќи во ритамот на сончевината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе