соната (ж.)
Боледувајќи по Бранка, низ носталгијата на Шумановата соната за виолини во Д-мол, Горчин се предаваше одвнатре, од најдлабоките клетки, на слатката омаеност на сетилата, дозволуваше да го голтне мемливата полноќ, во која на крајот мораше да се удави – занесен, несмирен, неспасен.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Што доаѓа потоа? 1970 година свирење на месечева соната на месечината.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Соната за љубовта, колку е лудо. Повторно, со тие ноти, се случува, чудо.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)