сонародник (м.)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Србите сакаа да ги направат Македонците да им служат на српските интереси, т.е. самите да се мислат и на своите сонародници да им велат дека се Срби.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И ако е така, тоа е не ли шовинистичка заслепеност да ни се наврзува сега нам на сите Македонци, па и само на северните наши сонародници, наместо бугарското име?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
ИЛИЈА: Се разбира дека ми е мака, кога моите сонародници си ја менуваат народноста, но пак ме теши тоа што не само меѓу народот македонски има такви, туку насекаде ги има такви како тебе — расипани души.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Речиси разочаран, пак се најдов во холот на станицата, по потрага по некој сонародник, зашто наши луѓе можат да се сретнат на сите перони, на сите станици во Западна Германија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Студот сечеше и затоа морав да брзам и, во една ваква брзаница, застанав пред една кафеана, која по името „Балкангрил“ ми откриваше дека ја држи некој мој сонародник.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во Уј бев на гости кај мојот сонародник Драган Христов, кој овде толку се натурализирал што и не се разликува од луѓето кои тука се родиле и тука живеат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Читајќи ги очајот во очите на сонародниците, омразата во очите на домородците, тој уште поупорно ја тренираше својата издржливост, го зголемуваше своето знаење.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
На првиот ден на ерменскиот Божиќ во неголомото живеалиште на Микелајн дојде твојот сонародник господинот Жорж Лоран и му донесе на стариот подарок, на прв поглед обично растение во син порцелански сад.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Затоа Барес може, во името на науката, на своите сонародници да им советува да се ослободат од крупните зборови какви што се вечно или секогаш, и како пример им го наведува идиомот кој, наместо зборовите „јас мислам“, ја остава можноста да се рече: Es denkt in mir, „тоа мисли во мене“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ми недостасува време да ви предочам, сонародници мои, каков криминалврз германската уметност си дозволиле овие мангупи по налог и претходницата на меѓународното еврејство.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тој се премисли, ја спушти чашката и продолжи: - Не заборавај, ти си излезен од оваа земја, од емигрантско семејство, твоите зборови тежат повеќе од другите тамошни сонародници.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Дури би можел да бидам горд од таквата постапка на моите сонародници, доколку намерите не им биле проклети.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Овој пат не се козите водилки по патот низ вековите, туку јаничарите, тие елитни војници на цариградските господари, кои стануваат најжестоки прогонувачи на свои сонародници.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога границата меѓу Албанија и Југославија се извиши како висок непробоен ѕид, моите албански сонародници доаѓале до бодликавиот тел на границата од каде фрлале пари цврсто верувајќи дека некој ќе ги однесе до манастирот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Понижен од страна на сонародниците, изневерен од страна на жената која го остава, а за тоа тој и да не е свесен, поразен од братот којшто најавува дека ќе му ја земе и куќата, Симон станува трагичен јунак за кого не може докрај да се утврди дали е невина жртва (pharmakos од античките трагедии, трагичен лик којшто трпи казна без вистинска вина, односно ја трпи поради наследената вина како Едип) или самиот за неа е заслужен.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Овој висок, секогаш елегантно облечен господин, одважен во многу моменти од својот живот, во трговијата што ја врши и во управувањето со имотот, како и во заштитата од неволјите на своите сонародници, има зад себе спомогнато изградба на црква и купување камбана, отворање на народно училиште, помош на читалиштата што почнаа поначесто да се отвораат во нашите поголеми и помали градови, градење и поправање на сето она што било потребно во неговото родно Маказар и друго.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Вашиот сонародник Алал Комби збесна од вашето кажување. Подготвувал цели дефтери против вас.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Го зеде, покрај правните и адвокатски книги, старотурско-францускиот речник на неговиот албански сонародник Сами Фрашери, еден том од Енциклопедијата на Пјер Бејл, добиен како подарок, чија тајна за тоа како ја добил ја дознав на крајот од неговиот живот. И толку!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се заебав деновиве, па му ги дадов овие текстови на читање на еден мој сонародник... но ниту оддалеку мој истомисленик!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)