сок (м.)

Последните сокови од занесот на Русите, и со тоа и надежите на Македонците на Русија, беа голтнати од Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од сичко носат кајмакот од потта цедат го сокот, од сичко носат кајмакот маката нам оставаат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Се чинеше дека немаат крај, се губеа некаде во мрачната подводна далечина. – Јас вечно ќе ги цицам соковите на земјата и, еве тука ќе ги исфрлам, како в море ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на ’ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите незини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во неговите очи од таа крв, од тој сок на отворениот непознат и пак толкупати виден цвет, сѐ е црвено.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Заводничка гордост набабрена од животни сокови. жените со такви бегаат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А кога тој ветрец ќе умре, ноќниот небесен жнеец сиот претворен во седефен срп, силен и напнат од нагон во 'рбетот, ќе се заплетка во влажните коси на врбите, ќе ги испие од белата кора сите сокови и лудо опиен ќе потоне во првиот вир. Тој, жнејачот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со моето тело го покосивте и мојот говор. Ме оставивте сама и црните сокови на вашата неизбежност. Ќе ме хранат дури не легнете крај мене.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ни сокот од портокали, ни сувото грозје, ни скапоцените јадења готвени од најдобрите готвачки, ни турските, дури ни виенските еќими не можеа да ѝ помогнат на момата, да се поправи и да го измени своето мртовечко бледило од лицето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Браќата преку ден беа зафатени со некаква работа, преку ноќ љубовницата им ги цедеше соковите и ги изморуваше оставајќи ги секогаш да `рчат и да се разбудуваат жедни и стуткани под своето ќебе...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога ги видоа големите чаши ракија пред нив знаеја дека се родени под крвава ѕвезда во еден гроздобер кога лозите цицаат од земјата само отровни сокови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се сети: пееше некој меѓу стеблата а златниот, леплив сок на дрвјата врело ги полнеше ноздрите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нешто меко скокотливо и пријатно му се вселува во телото и овој чуден сок - ракијата го смирува и здобрува со луѓето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Отворените сокови нека се разлеат во живите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да знаат дека не постојат никакви споредни патишта и да не ги бараат попусто нив, дека треба да се пристапи отворено и просто, а после ќе се види колку е угодно да се живее со тој сок, оној вистински сок на работите, како кога вечераш од дивечот, што целиот ден сам си го ловел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше поминат уште еден ден без небо, во кој животот колку што може подлабоко се прибира под својата коруба и таму дреме, згуснувајќи го својот сок во соништата за она време, кога еднаш ќе може да развие.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По сочната и убава детелина летаа пчели и збираа сок за мед.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Белото тажно молчеше и собираше животни сокови да преживее до идната пролет.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но секое сакаше да му ги исцица животните сокови на другото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Потоа ги сплеткаа корењата и почнаа да си ги отимаат едно на друго хранителните сокови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе