созрева несв.
созревање ср.

созрева (несв.)

Начинот од тага, созрева необично: лудо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чираците ги поткраднуваа чорбаџиите и ги учеа нивните шеги, созреваа порано од учениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сфатете што значи тоа за вас: растете, закрепнувате и сѐ повеќе, од ден на ден, созревате и ја зацврстувате блискоста меѓу вас, другарството. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пролет е и созреваат момчоците, сакав да викнам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За него пишуваа состави и песнички: Мислам дека сонцето е румен клас, што созрева само в еден час.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Авторите како Асимов, Хајнлајн, Блиш и други полека почнуваат да објавуваат сѐ повеќе романи, а читателската публика на списанијата од четириесеттите созрева со нив, сметајќи го романот како книжевен род за возрасните.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сите потсвесни сомненија и притулени стравови што во неа скришум се напластуваа попладнето и полека созреваа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се потсетува на зборовите од дедо му Аврам: „Животот е како билкана: никнеш, растеш, созреваш, свенуваш.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И во својата обновена форма оригиналот се модифицира - тој расте, созрева.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но тогаш почна да созрева сомнежот дека науката бројните кодови само ги пројоцира нанадвор, значи дека станува равенка за природните закони, кои би требале да ја заменат самата природа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
V Одлуката предвреме созревана – конечно беше донесена. Патувам во Албанија!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Нели, најрано созреваат оние плодови што ќе из'ртат на највисоката гранка и на најпогодно место за да можат да му се изложат веднаш на сонцето?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред некое време слушнав дека цела една генерација созревала со менување на сликички од Касандра.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Миг е кога крвта созрева во плодот и кога во стомните девојките носат студени кладенци.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Очигледно и во човечкиот вид важеше правилото жените за чекор да созреваат пред мажите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Созреваше, гледајќи како раните една по една ѝ зараснуваат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Над ридот полнатa месечина загледува во рововите, бункерите и земјанките во кои расцутува младоста на овие седумнаесет, осумнаесет, деветнаесет и дваесетгодишни момчиња и моми... кои растат и созреваат во долгите ноќни маршеви под дожд и снег, во мракот на густите магли, во студените и влажни земјанки, меѓу карпите и камењето, во рововите и бункерите, во непрестајните борби во кои од студенилото и вжештената цевка на оружјето, ја изгубија нежноста и топлината на дланките... Ех, анасана!...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Закатанета му е устата и сал му се присторува ли дека во него се клокоти, дека дури сега од него се откорнуваат долго закоренетите пароли кои ја гласеа и утврдуваа вербата во некое подобро утре...со кое растеше, зрееше и созреваше.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)