содејство (ср.)
Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Турција не може да ја зачува таа своја провинција без содејството на месното жителство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но од русофилството таа се восползува со заемот, направен при руско содејство, а друго и најглавно, не ги поарчи позајмените милиони за воени потреби и со тоа ги остави полни државните каси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
3. Внатрешен опис
(солилоквиј)
„Беше доцна навечер кога стигнав“13а небесното царство тивко
без оглед на мените,
тропите, содејствата
(и брокатот, и баршунот
и муслинот, и сомотот
пошумно од него шуштат
- и допирот на кожа на маж
и крзно на лисица во време на обнова
мрмори повеќе од него!)
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
На 8 ноември 1912 со 300 четници и во содејство со бугарската коњичка група на мајорот Цончев влегол во Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На страниците на печатот се нашле информации за ослободувањето на Дебар на 9 септевмри 1943 од страна на македонските партизани во содејство со албанските партизани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во секој случај, важно ќе биде да не се тргне од лажно упадливата спротивност меѓу недоволно цврстиот модел на општественото, сфатен како обичен површински исход од безредни содејства помеѓу луѓето (наместо како систематски состав што е длабоко конститутивен за нивниот субјективитет), и од претерано позитивистичкиот модел на природното, сфатено како онаа длабока, формативна структура што ни го определува битието.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)