совреме (прил.)
- Ви велам јас да го убиеме совреме ова копиле!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Колку тоа и да звучи безумно, мерењето и премерувањето совреме ни стана една од најомилените забави.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сѐ завршуваше совреме
што од страв дека ќе се оствари идејата
за големата и едина љубов
што по сила на обврските и жените
вешти во обезличувањето на иднината
или со благословот на неповторливото
- како што би рекол еден од нејзините пријатели
односно, оние кои се повеќе од тоа.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)