снабдува (несв.)
Од каде се снабдуваат сиромаси овие три-четири месеци? – божем сожалително праша тој. –Море како немаат!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
ПАРИЗ, сам за себе, претставува цела држава. самиот факт што на едно пространство во дијаметар од педесетина километри живее население дури поголемо отколку во соседна Бугарија, или пак во Грција, наведува на помислата што сѐ овде не се прави за да бидат навреме нахранети толку милиони луѓе, за да бидат редовно снабдувани со други потреби, за да се префрлаат луѓето на работа и по домовите за да има вода достатно за пиење и хигиена.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Така, клошарите последни се снабдуваа од „Халите“ и ги напуштаа со полни торби...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
После малку се среди: Англичаните и Французите пак почнаа редовно да нѐ снабдуваат. А имаше и од кај да се купи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но освен малкуте тврдокорни партиски кадри, сите други, вклучувајќи ги тука и вишите и нижите службеници, скришум, да не видат другите, се снабдуваа со козјо млеко и млечни производи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Доколку дрогата би била достапна само на регистрираните уживатели, нерегистрираните и понатаму би се снабдувале на црниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во Лондон главно се продава во бакалници кои снабдуваат продукти за арапските и сомалиските заедници.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се чини дека техниката е протеза на интелигенцијата: Колективното мислење што го наметнуваат разните медии веќе е насочено кон поништување на изворноста на сензациите, кон укинување на присуството во светот, на начин луѓето да се снабдуваат со залихи информации коишто го програмираат нивното помнење.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Херман сепак смета дека повеќето производители сакаат да снабдуваат со добар производ.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Па и самиот Оддел за документација беше само еден огранок на Министерството на вистината, чија примарна задача беше не да го реконструира минатото, туку да ги снабдува жителите на Океанија со весници, филмови, книги, телекрански програми, драми, романи - со секој можен вид информација, упатство, или забава, од статуа до слоган, од лирска поема до биолошка расправа и од детски буквар до новоговорен речник.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дневната заповед на Големиот Брат очигледно беше посветена на одавањето признание за работата на една организација позната како ПТЦЦ, која ги снабдуваше морнарите на пловечките тврдини со цигари и со други потрепштини.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Уште повисоко според надморската височина, е едно друго езеро, Преспанското, што го снабдува Охридското Езеро со половина од својата вода која се инфилтрира низ варовникот на планината и се појавува повторно, во изворите на Свети Наум или во дното на големото езеро, долго триесетина километри.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Со тоа беше обезбедено единиците самостојно да можат да се снабдуваат од сојузниците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Ратка веќе почна да готви и по нешто и да снабдува од маказаречките продавници.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во секој случај, колку и да беше светот свртен наопаку, маестрото имаше одговор: - Колонијата има договор општината да ја снабдува со пристојно опстојување, од јагула до јаболко.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А кожарот, кој секогаш го снабдуваше Маркота со оној преубав жолт сафтијан прочуен надалеку, само заклати глава:
„Вистина“, рече тој, „ако не ги платам испенџето и џизието, сосе семејство ќе ме продадат на џизаедарот Мурат-ага од Кожле, кој е откупник на државните даноци за скопската нахија.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Попладне одеше по куќите и таму ја нудеше својата стока, а благодарејќи на авторитетот што како сиромашен но чесен човек во општината го уживаше татко му, Јаков со своите производи ги снабдуваше и битолските синагоги и некои од еврејските здруженија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И неговите пријатели, кои го сочинуваат неговиот свет, исто така се луѓе како него, водоводџии, малтерџии, молери, дрводелци, електричари, мајстори за покриви на куќи, и луѓе што го снабдуваа со тули, цемент, вар, песок, дробен камен, тер-хартија, железарија и дрвена граѓа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Првите денови немаше кој да не снабдува со храна, но набрзо донесоа некој друг Албанец.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во четата Раде беше назначен за заповедник на извидувачка група, која ќе требаше да се инфилтрира во позадината на непријателот и да го снабдува Штабот на 23от пешачки полк со податоци во врска со движењата на непријателските сили, нивниот состав, големината и многу други нешта битни за успешните воени дејствија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)