смрдулка (ж.)
- Да не му влегла гуштерица в панталони, ќе рече некој или да не голтнал некоја смрдулка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Додека дивечот, (волците, мечките, лисиците, зајаците, јазовците, ласиците, смрдулките и куните) зашто нема кој да го прогонува и лови, се намножи до загрижување, преку цел ден и преку цела ноќ, страв да те фати, слушаш како тулилка, завива, кашла и си ги секне грлата во гората и во полето, птиците, пак, си мисли на барските, (чапјите, норците, галебите, пеликаните, кормораните, дивите пајки и дивите гуски; штрковите следејќи ги старите навики и стариот инстинкт, сѐ уште ѝ се верни на Потковицата, населбата на Станкоски Рид готово ја претворија во колонија на штркови: на покривот на секоја куќа, на оџакот на секоја напуштена куќа, има направено седело од штрк по мелиорацијата на мртвиците и Блатото, сосема, сосема, се изгубија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Небаре овошна смрдулка да сум згмечила меѓу прстите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)