смет (м.)

Тркалам така клапчиња бубачки, што се вели, тутки смет и бубачки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Постела. Сѐ е срча и смет, ми мириса на ракија и анасон.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога работеше премногу, а сонцето стануваше топло, сметот рано почнуваше да испушта реа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Во оваа статија мајорот вели дека во секој камион за собирање на сметот во градот ќе постави по еден примопредавател.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога сметот беше свеж не беше така лошо, но кога беше повеќе денови стар, тогаш беше лошо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се сеќаваше на долгите попладниња што ги минуваше со други деца претурајќи по контејнерите и по купиштата смет, пребирајќи лисја од зелка, лушпи од компири, понекогаш дури и суви корки леб од кои потоа внимателно ја гребеа нечистотијата; и чекајќи да поминат камионите што одеа по одредени маршрути, за кои се знаеше дека превезуваа сточна храна и од кои, кога ќе потскокнеа на тумбите од патот, понекогаш испаѓаше по некое парче маслена погача за стока.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И понатаму - Градот плива во смет: валкани улици на кои се пластат слоеви од прав, фонтани што се претворени во кошници за отпадоци, зелени површини на кои од паднатото лисје и разновидните отпадоци зеленилото воопшто не се забележува, руинирани контејнери околу кои се таложи сметот, хаварисани возила - оставени како старо железо.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тотално реалистичен пејсаж: Вардариште, купишта смет, будложери во акција, се во сиви тонови, а над таа апокалипса се извишуваат нови солитери... Дисхармонија во просторот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кој го истури првиот камион смет некаде на ова место.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На спротивната маса седеше позната музичка фаца од џет смет естрањата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Имаа повикано преку 700 гости меѓу кои и видни личности од џет сметот што беа пријатели со нејзиното семејство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Има ли надеж за сирота класа да има редовно бифтек на маса сувите корки за душмани клети плавуши лажни да станат бринети Има ли куртул од градскиот крем безлични курви со ефтин парфем има ли куртул од сиот смет самопрогласен лажен џет сет Од Долно дупени па до Прдејци стигнаа субвенции за земјоделци наместо трактори купија вили слекоа опинци станаа цивили
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)