слушање ср.

слушање (ср.)

— Шо е тоа лаф не слушање, бег! — со најголема понизност одговори Трајко и зачека што ќе рече понатаму бегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа ни се придружи во слушањето на радиото од кое продолжуваше истиот глас: – Млади и стари козари, мајки и деца, нашата непобедива партија се наоѓа пред уште еден непријател.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По долго слушање на гргорот од стерната, тој неразбирлив јазик на утробата на земјата, татко ми забрзано се враќаше по истиот пат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Психотерапијата започнува со создавање на биолошки контекст погоден за раскажување, слушање, и рефлектирање на нарациите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Терапевтот го користи јазикот да ги поттикне физичките состојби кои се јавуваат во ситуација на споделување на чувствата, доверба, слушање, заинтересираност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се придржувам за земјата и се препуштам на музиката, наеднаш благословена со посебна моќ за слушање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вкусот, волјата, чувствувањето, сето тоа ја изобличува стварноста и ги раздвојува луѓето, означува диктатура, наметнување на сопствениот агол на гледање, односно слушање, херметизирање на работите со наметката на сопственото его.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На тој начин посматрана, културата привилегира формирање на вкус во естетска смисла, се разбира, според стандардите на владеачката класа (Бетовен е култура, додека слушањето на пијаници што пејат не е - освен ако не станува збор за етнолошко истражување, носталгија, или за снобовско истражување на кичот) (...)
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Да слушнеш само како звучи во филхармониски оркестар, или во опера, или во џез музика, а и во сите други видови многу е убава за слушање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И така станав Сказник, оти најдобро од сите овде ја знам уката на преподавањето сказни, уката на скажувањето и мечтаењето, која на одлагање се светува, оти сето задоволство човечко, вклучително и задоволството од слушањето или кажувањето сказанија, е во одлагањето на задоволувањето, оти по задоволувањето на потребата, страста во душата гасне како свеќа кога ќе догори во свешник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вистински владееше со уметноста на слушањето на другиот, особено кога тој продираше во тајните на неговата душа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сити сме и од тескобите и од тешкото време, особено во ова наше време. Затоа, пријателе, те молиме да ни ги ископаш очите зашто веќе не е за гледање, не е за слушање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Татко, задлабочен во слушањето, во еден миг, тивко прокоментира: – Готово е со нас! – Со кого е готово?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш, ангелот веднаш те убедува дека знаеш да читаш, да го читаш животот. – ми зборуваше баба ми – Она што сме ние, што ни претставува нас е тоа она што спонтано, случајно сме го запаметиле во текот на животот, дали од читање, слушање од други луѓе или слушање на својот внатрешен учител, не е воопшто важно!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
За ручек се повторуваше строењето, слушањето вести и така натаму, се по истиот редослед, секој ден...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А тајната на слушање на срцето е во вербата во самите себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Работното место на Гоше, всушност, му беше подарено или, со оглед на околностите, тоа беше измислено за него, како благодарност за она што се нарекува минат труд, за неговиот влог во соработката со тајните служби за безбедност - поткажувач од посебен агол на гледање и слушање, регистратор по хоризонтала, без толкувања, и со јасно означен радиус: во кругот на Противпожарната единица за руралните средини околу Метрополата, формирана под покровителство на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имаше и апсолутен имунитет против грижата, напорите и караниците, како и бескрајна добредојденост од страна на домаќинот чијашто одушевеност на шеснаесеттото повторување на некоја песна или приказна, беше иста како првата возбуда при слушањето на нова песна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бргу научив дека секое светкање не донесува светлина и дека секоја песна не е за слушање - има песни што ти ја галат душата а не ти го гибаат ушното тапанче.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Секако ако договорот од последното слушање важи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе